header image

Оглас за вработување - Брокер

14. 6. 2021

Оглас за вработување - Брокер


Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групацијата објавува оглас за вработување на Брокер во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги ВО Сектор за средства и ликвидност.

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.
Стопанска банка АД - Скопје нуди универзални банкарски услуги, вклучително и услуги со хартии од вредност преку Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги. Банката е еден од првите овластени учесници на пазарот со хартии од вредност и е една од најстарите членки на Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Благодарение на стручниот тим и долгогодишното искуство на пазарот на капитал, Дирекцијата постигнува врвен квалитет во своите услуги и за индивидуалните и за правните лица, инвеститори во хартии од вредност.


За работното место Брокер, повикуваме да аплицираат заинтересирани кандидати кои треба да ги исполнуваат следните квалификации:
    ВСП – Економски факултет
•    Положен стручен испит за работа со хартии од вредност - брокер
•    Напредно познавање на англиски јазик
•    Напредно познавање на MS Office
•    Претходно работно искуство во областа на пазарот на капитал и работа со хартии од вредност ќе се смета за дополнителна предност
•    Поседување на дополнителни сертификати и стручна надградба од областа на работа со хартии од вредност, ќе се смета за предност
Доплнително, кандидатот треба да ги поседува следните лични карактеристики:
•    Комуникациски способности и вештини за преговарање со постоечки и потенцијални клиенти - инвеститори
•    Динамична екстровертна личност со способност за преземање на иницијативи
•    Одговорност и способност за тимска работа
•    Способност за брзо донесување на одлуки и афинитет кон тргување на берза
•    Брз, точен и аналитичен пристап во работењето
•    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
•    Подготвеност за учење на нови вештини и стручна надградба
Работни задачи и очекувања:
•    Прием на клиенти и налози за купување и продавање на хартии од вредност на овластена берза
•    Континуирана комуникација со клиенти резиденти и нерезиденти, физички и правни лица;
•    Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиентите
•    Познавање, почитување и континуирано следење на законската и подзаконската регулатива во доменот на пазарот на капитал и банкарското работење
•    Комуникација со филијалите на Банката ширум земјата, кои вршат прием клиенти заинтересирани за инвестирање на берза
•    Информирање на клиентите за пазарните случувања на пазарот на капитал и корпоративните настани
•    Останати задачи поврзани со делокругот на работа (изработка на финансиски извештаи, анализи, предлози итн.)

Предвидено е работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 20. 6. 2021 година, онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за работно место за кое аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.


Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на