КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

21.02.2018    

Оглас за продажба на имот

 

Оглас
 

(реф бр. 3-02/2018)за продажба на недвижен имот  на Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот  имот:

1.Недвижен имот во Неготино лоциран во м.в Милуа со вкупна површина од 1962м2 и земјиште (двор земјиште под објект) со вкупна површина од 9608м2 запишани во Имотен лист 1041 за КО Пепелиште за минимална/ почетна цена од 300.000ЕУР.
Напомена: Стопанска банка АД-Скопје превзема обврска за обезбедување на фактичко владение на имотот.
2.Недвижен имот во Неготино - 9 (девет) згради со вкупна површина од 1976м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани  во м.в. Маршал Тито за КО Неготино на запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино за минимална/ почетна цена од 500.000ЕУР.
3. Резервоари лоцирани во стопанскиот двор ОХИС, и тоа: 2 резервоара од 1.000м3, 2 резервоара од 600м3, 6 резервоара од 25м3 и 1 резервоар од 50м3 кои не се во употреба и се продаваат како отпад за минимална/почетна цена од 20.000ЕУР
Напомена: Резервоарите се продаваат како отпад во видена состојба. Обврската,ризикот и трошокот за демонтажа, како и транспортот и евентуалните останати трошоци се на товар на избраниот Купувач.
4. Куќа во Скопје, с.Нерези, м.в.Село, (ПР+01) со вкупно 218м2 со право на користење на земјиште од 304м2 запишана во Имотен лист бр.12041 за КО Нерези за минимална/почетна цена од 65.000ЕУР.
5. Дел од објект  во Скопје, производна хала (поранешна сопственост на Охис - ПАН 1 и ПАН 2) со површина од 5.715м2м2 од кои дел се на приземје и дел на кат за минимална/почетна цена од 60 ЕУР/м2.
Дел од просторот предмет на продажба е запишан во ИЛ бр. 49542 за КО Кисела Вода 2, а дел е предмет на легализација.Преградувањето на просторот е на трошок на Купувачот.
6.Дел од објект  во Скопје, производна хала (поранешна сопственост на Охис - ПАН 1 и ПАН 2) со површина од околу 4.403 м2 од кои дел се на приземје и дел на кат за минимална/ почетна цена од 60 ЕУР/м2.
Дел од просторот предмет на продажба е запишан во ИЛ бр. 49542 за КО Кисела вода, а дел е предмет на легализација. Преградувањето на просторот и изведба на скали е на трошок на Купувачот.
7. Недвижен имот во Струга, с.Вевчани кој се состои од куќа (ПО+ПР) со вкупна површина од 110м2 и земјиште под објект со површина од 73м2 запишан во ИЛ 913 за КО Горна белица- Вевчани, како и градина со површина од 118м2 на КП 1340 запишана во ИЛ 913 за КО Горна белица- Вевчани, нива со површина од 376м2 на КП 4749, нива со површина 465 на КП 4519, овоштарник со површина од 837м2 на КП 2977, шума со површина од 895м2 на КО 6076, ливада со површина од 1464м2 на КП 4188, пасиште со површина од 420м2 на КП 4020 и нива со површина од 553м2 на КП 4645 сите запишани во ИЛ 913 за КО Горна белица вевчани вон град, и ½ од нива во вкупна површина од 1516м2 на КП 3787 за Горна белица Вевчани вон град  се за минимална/почетна цена од 13.000 ЕУР. Напомена: за земјиштето се плаќа и ДДВ од 18% кој е на товар на Купувачот.
       
Во цената на имотите под точка 1,2,3,5 и 6 не е вклучен  ДДВ од 18% кој го плака купувачот.

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
 
Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда. 

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:

- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон, 
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација. 

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:

-  цената која се нуди за купување на недвижноста;
-  согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
-  согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
 
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029- МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со почетна минимална цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

         Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
         Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
         Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

 Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
         
Рокот за доставување на Понудите е 28.02.2018година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280