КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

05.02.2018

 

Оглас за продажба на имот


Оглас
(реф бр. 2-02/2018)

за продажба на недвижен имот  на Стопанска банка АД – Скопје


Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот  имот:

 

Вид на имотот:

Локација:

Краток опис:

Имотен лист

Физичко владение

Минимална/почетна цена (ЕУР)

1

Производен погон

Неготино

лоциран во м.в Милуа со вкупна површина од 1962м2 и земјиште (двор земјиште под објект) со вкупна површина од 9608м2

да

во постапка

350.000

2

Деловен објект

Македонски Брод

на ул.” М.Тито” бр.25 (ПО+ПР +01+02+03) од 3626м2

да

да

89.164

 

3

Деловен простор

Тетово

на ул.”Илинденска од 89м2 на 01 кат во трговски центар

да

да

26.127

4

Куќа

Скопје

во с.Нерези, м.в.Село, (ПР+01) со вкупно 218м2 со право на користење на земјиште од 304м2

да

да

71.142

5

Производен погон

Неготино

9 (девет) згради со вкупна површина од 1976м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани  во м.в. Маршал Тито

да

во постапка

550.000

6

Куќа

Дебар

куќа во Дебар со површина од 33м2 на ул.И. Колари

не

не

7.280

7

Деловен простор

Кочани

ул. Г. Делчев, зграда бр.1, влез 1, приземје од 32м²

да

да

5,040

8

Деловен простор

Кочани

ул. Г. Делчев, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м²

да

да

6.148

9

Производна хала

с.Стојаково,

Гевгелија

со вкупна површина од 141м2, и земјиште од 225м2 (под објект и двор)

да

 

да

                                   19.533

  10

Производни објекти

Виница

објекти лоцирани во Виница со вкупна површина од 2.796 м2 (поранешна Винка Виница)

да

 

во постапка

                                   150.000

 

 

Напомена: за Недвижниот имот наведен во листата кој не е во фактичко владение,постапката за обезбедување на истото, како и трошоците ги превзема Купувачот.

                      

Во цената на имотите под точка 1,2,3,5,7,8, 9 и 10 не е вклучен  ДДВ од 18% кој го плака купувачот.

Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.

Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

 

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Ø Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:

- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон, 

- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),

- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:

- цената која се нуди за купување на недвижноста;

- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;

- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

 

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029- МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со почетна минимална цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

 

Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе бидат договорени и останатите услови за купопродажба на имотот и ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

  Рокот за доставување на Понудите е 09.02.2018 година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280