КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

30.01.2018

 

MasterCard кредитна картичка со 0% замрзната каматна стапка до крајот на април

 

Стопанска банка АД - Скопје започна со промоција за новоиздадени MasterCard кредитни картички и за сите кои ќе ја искористат промотивната понуда обезбеди замрзната каматна стапка од 0% за сите трансакции направени во трговија, шалтер или на банкомат до крајот на април.

Предностите на MasterCard кредитната картичка, што ја прават привлечно решение за секојдневни трансакции и поголеми плански трошења се следните:

• Moжност за купување на рати БЕЗ КАМАТА (од 2 до 36 рати) ширум големата мрежа на трговци партнери на Банката

• Го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) за интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот

• Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг

• Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

• Без провизија при плаќање во трговската мрежа

• Бројни промоции за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

По истекот на промотивната понуда која трае за апликации примени до 31.03.2018 во примена ќе биде редовната годишна каматна стапка која во моментов изнесува: 10.13% - за Плата+ корисници кои примаат плата преку СБ, редовни во отплата или 11.25% - за клиенти кои не ја примаат платата преку СБ.

Апликации за нова MasterCard кредитна картичка може да се поднесат најдоцна до 31.03.2018 во секоја од филијалите на Банката како и online и преку Ало кредит на 15110 во секое време од денот.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна