header image

Известување за провизија на режиски трошоци

22.12.2017

 

Промена на надоместок за плаќање режиски трошоци

 

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од 02.01.2018 година Стопанска Банка АД – Скопје (СБ) воведува надоместок за плаќање на режиски трошоци (сметки за: струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (на пример: телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на СБ. Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

-       за плаќања од трансакциска сметка на клиентот во СБ, износ од 20 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ,

-       за плаќања со готовина на шалтерите на СБ, износ од 40 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ. 

За компаниите добавувачи на вакви услуги, кои немаат отворено трансакциски сметки во СБ, при плаќањето на нивните услуги ќе се применува делот од Тарифата кој се однесува на плаќања преку КИБС и МИПС. (тарифна ставка 57.12; 57.13 од Тарифата за население http://stb.com.mk/tarifa-fizicki-lica.nspx и тарифна ставка 5.40 од Тарифата за правни лица http://stb.com.mk/tarifa-pravni-lica.nspx)

-       Без надомест останува плаќањето на режиските трошоци и другите услуги од специјализирани добавувачи (на трансакциски сметки на добавувачите на такви услуги отворени во СБ) преку алтернативните i-bank канали или преку траен налог.

 

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната http://stb.com.mk/tarifa-fizicki-lica.nspx.

 

Со почит

Стопанска банка АД - Скопје

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на