header image

Исплата на мартовските пензии

23.03.2020

Соопштение за исплата на мартовските пензии

Почитувани, имајќи ги во превид засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19 Стопанска банка информира дека мартовските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвремено процесирани со цел да се намали присуството на пензионери во филијалите на 1виот календарски ден во месецот и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти најосетлива на пандемијата.

Бидејќи најголем дел од пензионерите во Банката поседуваат дебитна картичка поврзана со сметката на која се процесира пензијата, Ве известуваме за следното:

  • Пензионерите кои поседуваат дебитна картичка со мартовските пензии ќе можат да располагаат од среда, 25.03.2020 исклучиво на мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
  • Пензионерите кои не се корисници на дебитна картичка пензијата ќе може да ја подигнат почнувајќи од 28.03.2020 (сабота) во сите отворени филијали на СБ при што филијалите кои вообичаено не работат во сабота ќе бидат отворени на тој ден исклучиво за оваа цел.  Листата на филијали кои ќе бидат на располагање е истакната на линкот во продолжение:. Апелираме овие клиенти при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија со цел максимално да се намали нивното присуство во филијалите заради лична и колективна заштита.
     

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита. Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
 
Банката согласно воспоставените стандарди за работа, за новиот начин на процесирање на мартовските пензиите до клиентите ќе информира преку сите достапни канали за комуникација:
·    Јавна објава на веб страницата, социјалните мрежи и медиумите
·    Истакнување на известување во Филијалите и
·    СМС известување за клиентите кои оставиле контакт телефон


 Стопанска банка АД – Скопје, На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.