header image

Информација за августовските пензии

 

Почитувани,
 
Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец август од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец август, клиентите корисници на платежни картички, ќе можат целосно да располагаат преку мрежата на банкомати и преку  трговската мрежа од 26.08.2020 (среда).

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  1. До 11.000 денари на 26.08.2020 (среда)
  2. 11.001-14.000 денари на 27.08.2020 (четврток)
  3. 14.001-18.000 денари на 31.08.2020 (понеделник)
  4. Над 18.001 денари на 01.09.2020 (вторник)


Клиентите е потребно да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на редовите за чекање. Апелираме клиентите при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Банката ги охрабрува клиентите корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, останатите клиенти, доколку се во можност, во овие неколку денови на процесирање на пензиите да бидат трпеливи и да ги почитуваат препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и препорачуваме носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ КОИ ПРЕМИНУВААТ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Во врска со отворање на сметка и пријавување на пензионерите од Еуростандард банка АД Скопје, согласно иницијалното известување пензионерите што се пријавени заклучно со 21/08 ќе бидат дел од групата за исплата на пензии од 26.08-01.09.2020.

За пензионерите кои не отвориле сметка и не ја пријавиле кон ПИОМ заклучно со 21/08, напоменуваме дека ќе има дополнителна исплата во текот на месец септември. Владата во координација со ПИОМ и деловните банки, обезбедија други дополнителни термини за редовни  исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД - Скопје, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на следните датуми: 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.