header image

Дополнителна исплата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка од Владата на РСМ

19. 5. 2021

 

Дополнителна исплата на средствата од четвртиот пакет мерки за финансиска поддршка од Владата на РСМ



Со донесувањето на Законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани, Стопанска банка повторно зема активно учество во спроведувањето на дополнување на Законот.

Конечната листа на корисници е објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk каде со внес на ЕМБГ може да се добијат информации дали клиентите се корисниците на финансиска поддршка и во која банка се распределени за користење на финансиска поддршка. Во најголем дел се работи за корисници кои не се квалификуваа за исплата на финансиска поддршка (во текот на декември 2020) бидејќи не беа соодветно ажурирани или пак немаа сметка во банката.

Со дополнувањето на Законот предвидено е дека корисниците на финансиска поддршка се квалификуваат за исплата на финансиската поддршка под услов да бидат ажурирани и да имаат отворена сметка во СБ, најдоцна до 31. 5. 2021 година.
За таа цел ги повикуваме граѓаните кои се распределени во Стопанска банка АД – Скопје, а кои не се ажурирани или немаат сметка во банката, да се обратат во најкраток рок, најдоцна до 31. 5. 2021:
•    со цел да ги ажурираат своите податоци во најблиската филијала или во Контакт Центарот (02/3100-109) или
•    да отворат сметка во најблиската филијала.

За клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската поддршка. Со цел комплетирање на документацијата за оваа сметка, клиентите задолжително треба  да се обратат до најблиската филијала.

За сите клиенти кои имаат извршено ажурирање на податоците и отворена сметка заклучно со 31. 5. 2021, распределбата ќе се изврши во рамки на предвидените законски рокови т.е. најдоцна 3 дена по ажурирањето на податоците, но не подоцна од 31. 5. 2021.  Распределените средства на сметката корисникот на финансиската поддршка може да ги користат без ограничување и по 31. 5. 2021 година.
За сите клиенти распределени за исплата на финансиската поддршка, за кои банката има расположливи контакт податоци, ќе бидат доставени информативни СМС пораки.

За сите клиенти за кои нема да бидат отворени сметки и нема да се ажурираат до 31.05.2021 година, Банката нема да изврши распределба на средства и истите согласно утврдените законски рокови ќе бидат вратени на соодветната буџетска сметка на РСМ!


Апелираме граѓаните да го искористат новиот законски рок и при посета на филијалите на Банката да ги применуваат мерките за заштита од covid-19.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на