
Новости
Соопштенија
Добитници од анкета за СББ клиенти
07.04.2017
Извлечени добитници од анкетата за СББ клиенти
Почитувани клиенти,
Годишната анкета помеѓу СББ клиентите е комплетирана и во моментот Банката спроведува анализа на податоците кои имаат за цел подобрување на услугата и понудата која е достапна за овој конкретен сет на клиенти.
Согласно најавата, Банката по случаен избор извлече 5 добитници кои до 31.12.2017 ќе имаат можност да користат пакет на попусти и ослободувања од трошоци што конкретно се состои од:
• Намалување на провизиите на денарскиот платен промет за хартиени налози извршени преку шалтер со примена на провизиите наменети за e-banking трансакции
• Ослободување од трошокот за месечно одржување (водење) на сметката
• 50% попуст на трошокот за токен за e-banking
• Ослободување од годишно членство за Visa Business
Добитниците посочени на списокот во продолжение, ќе бидат повикани од колегите на нашиот контакт центар во текот на следната недела.
- ПРОТЕКТПЛАСТ ДОО НЕГОТИНО
- БЕСТ НЕТ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ
- ПЗУ АЛЕКСАНДАР МЕДИКА ПЕХЧЕВО
- ТЕС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ
- ЗЛАТКОМ-БОГ УВОЗ-ИЗВОЗ ДООЕЛ
Благодарност до сите учесници во анкетата и честитки за среќните добитници.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна