header image

2 Активни огласи за вработување

26.11.2018

 

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ - најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

 

О Г Л А С И за прием на работници во Скопје:

Администратор на бази на податоци и апликации и Аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија

(2 работни места)

 

 

Кандидатот за позицијата Администратор на бази на податоци и апликации треба да ги исполнува следните квалификации:

 

  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на бази на податоци на Microsoft SQL Server, вклучувајќи и безбедност, изработка на извештаи, процедури, решавање на проблеми со апликации и интерфејси, поддршка на крајни корисници.
  • Познавање на системска администрација на Microsoft платформа, Linux/Unix како и на повеќе различни бази на податоци ќе се смета за предност
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Работно искуство од најмалку 2 години
  • Одлично познавање на англиски јазик (поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност)

 

Кандидатот за позицијата Аналитичар / програмер треба да ги исполнува следните квалификации:

 

  • Познавање и/или искуство во развој на софтвер со помош на Microsoft Visual Studio во програмските јазици VB.NET или C#
  • Познавање на работа со бази на податоци (пожeлно Microsoft SQL Server)
  • Познавања од администрација на веб сервиси (MS IIS) и оперативни системи (Windows клиент/сервер), мрежни уреди, свесност за сигурносни контроли (криптографија, антивирус, firewall, итн.)
  • Ке се смета за предност познавање на Microsoft .NET за развој на Web и Desktop апликации, ASP.NET, Win Forms, WCF, WPF, HTML, CSS, MVC, JavaScript, IIS, Git, TFS, COM+, PKI, итн.
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника (поседување на соодветни сертификати ќе се смета за предност)
  • Со или без работно искуство
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик

 

Лични карактеристики на кандидатите:

 

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

 

Работното време е  8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

 

Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите на нашата веб страница, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

 

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

Со почит,

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.