Кредитни картички

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

VISA Zero - кредитна картичка

 

За поднесување барање преку интернет кликнете на АПЛИЦИРАЈ ONLINE, во секое време од денот: 

 

 

VISA Zero е првата кредитна картичка на пазарот со 0% каматна стапка  - ЗАСЕКОГАШ! Ставете крај на Вашите грижи за каматата на кредитните картички и отплаќајте со 0% каматна стапка – засекогаш!

 

 

ПРЕДНОСТИ И КАРАКТЕРИСТИКИ

0% каматна стапка за целото времетраење на користењето на VISA Zero кредитната картичка.

- Максимален кредитен лимит од 50,000 МКД.

- Moжност за плаќање до 36 месечни рати БЕЗ КАМАТА

- Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот.

- Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

- Без провизија при плаќање во трговската мрежа

- Најповолни услови за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

- Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ

- Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за: Плаќање во трговија или Подигање на готовина на банкомати и шалтери

- Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена

- Можност за бесплатна достава на месечниот извод на e-mail.
- Без трошоци за предвремена отплата, без трошоци за аплицирање, без жиранти, без административна забрана и без меница.

Рок на плаќање
До 15 дена – од денот завршувањето на кредитниот циклус

ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО
Годишна членарина од 1.980 МКД за сите клиенти.
 

Репрезентативен пример:
-  Кредитен лимит: 50.000 МКД
-  Вкупен износ на купувања со VISA Zero кредитна картичка: 50.000 МКД
-  Месечна отплата на 3% од потрошениот износ (1.500 МКД)
-  Фиксна каматна стапка: 0%
-  Годишна членарина: 1.980 МКД
-  Вкупен износ на камата за 12 месеци: 0 МКД

ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА
ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА ВО МРЕЖАТА НА СБ
- Од шалтери: 5% од износот на трансакцијата, но не помалку од 100 денари
- Од банкомат: 2% од износот на трансакција + 100 денари

 

ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТИ И НА ШАЛТЕРИ НА ДРУГИ БАНКИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
- 100 денари фиксен износ + 3% од износот на трансакцијата

 
 МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
- Можност за купување на еднакви месечни рати кај повеќе од 1.000 трговци, партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
- Можност за купување на 2, 3, 4, 5, 6, 10, 12, 18, 24, 36 и 48 рати во зависност од договорот со трговецот
- Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 3% од достасаната рата
- Само кај тие трговци што склучиле договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата 

КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
- Физички лица, државјани на Р. Северна Македонија
- Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање
- Минимално месечно примање – 8.100 МКД

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Пополнета апликација

- За клиенти што земаат плата/пензија во СБ, извод од трансакциска сметка за последните три месеци и важечка лична карта

- За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.

- ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот; 2 последни извештаи за кредитната картичка чијшто долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чијшто долг се рефинансира.

- Друга документација по барање на банката.

ИНФОРМАЦИИ

Обратете се во Контакт Центарот на Стопанска банка 02/3100-109 во било кое време во денот 24/7 за информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката.

АПЛИЦИРАЊЕ

- Аплицирајте онлајн тука.

- Аплицирајте телефонски на 15 110

- Аплицирајте во најблиската филијала, со отпечатена и пополнета апликација.
 

КАРАКТЕРИСТИКИ

За интегриран преглед на карактеристиките на VISA Zero кредитна картичка притиснете тука.