
Осигурување
КАСКО
КАСКО
Отсега - купете КАСКО полиса или било кој друг вид на осигурување од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје, во соработка со Кроација Осигурување / Неживот.
- Со каско осигурувањето добивате комплетна финансиска сигурност на возилото.
- Овој вид на осигурување е доброволно осигурување кое дава заштита од материјална штета на осигуреното возило во сообраќајна несреќа независно од виновникот, како и сите оштетувања, уништувања или исчезнување на возилото.
- Предмет на осигурување се сите видови на моторни возила како и опремата која е фабрички вградена со возилото.
Покриени ризици со Каско полисата за осигурување на Вашето возило:
- Сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, лизгање, урнување и слично;
- Паѓање на предмет или удар од некој предмет;
- Пожар;
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
- Удар од гром;
- Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
- Луња, град, снежна лавина;
- Поплава, порој и високи води;
- Паѓање на воздушни летала;
- Манифестации и демонстрации;
- Кражба и разбојништво;
- Злонамерни постапки на трети лица.
Не заборавајте, при купувањето на Каско осигурување може да го искористите попустот од 600 или 400 денари, кој го доделува Банката доколку сте корисник на потрошувачки кредит со вклучено осигурување од незгода.
Информативна пресметка за годишната премија (цена) за осигурување можете да добиете во било која од филијалите на Банката, како и преку 24/7 Контакт Центарот на (02) 3100 109.
За дополнителни информации обратете се на