header image

Автоодговорност и Зелен Картон

Отсега - купете автоодговорност (АО) или било кој друг вид на осигурување од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје, во соработка со Кроација Осигурување / Неживот.

Зошто да го осигурате Вашето возило од автомобилска одговорност?

  • Без осигурувањето од автоодговорност не е можно да извршите регистрација на вашето возило;
  • Со полисата за автоодговорност не се осигурува Вашето возило туку Вашата одговорност за штети кои сте ги причиниле на трети лица;
  • Можете дополнително да направите осигурување на кршење стакла и осигурување од незгода на возач и патници;
  • Износот на годишната премија е законски регулирана и притоа истата зависи од видот на моторното возило;
  • Во Стопанска Банка ги задржувате претходно стекнатите попусти од претходните години во кои по ваша вина не била причинета штета на трети лица.

Што треба да направите доколку сакате со Вашето возило да патувате во странство?

  • Доколку сакате возилото да го користите во странство морате да поседувате Зелен Картон, кој, всушност, е територијално проширување на осигурувањето од автоодговорност;
  • Зелената карта служи за Ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство;
  • Во случај на штетен настан во кој ќе учествува возилото со кое управувате во странство, штетата ќе биде соодветно надоместена, без разлика дали сте причинител или оштетен;
  • Цената на Зелениот Картон зависи од силината на моторот кај патничките возила и е законски регулирана и иста во сите осигурителни компании во Република Северна Македонија;
  • За да изработиме Зелен картон, неопходно е полисата за автоодговорност за возилото да биде извадена во Кроација осигурување/неживот;
  • Зелениот картон се издава за еден месец или една година и се поврзува со времетраењето на полисата за автоодговорност.

Дознајте повеќе за овој вид на осигурување во филијалите или преку контакт центарот на 02/3100 109 на Стопанска Банка.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на