

Станбени кредити
КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН
КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН
Карактеристики
Промотивно
Сите апликации примени во период од 09.04.2021 - 31.97.2021ва година добиваат:
- 100% ослободување од административни трошоци
- 100% ослободување од трошоци за процена
- 100% ослободување од нотарски трошоци
За времетраењето на Јавниот повик, односно за сите примени апликации за субвенциониран станбен кредит во периодот до 31.12.2021 година, Стопанска банка АД-Скопје ќе покрие 50% од нотарски трошоци за воспоставување на заложно право врз недвижност.
Предности на производот
- Износ до 50.000 евра
- Денарски со клаузула во евра
- Рок на отплата од 20 до 30 години
- Ниски месечни ануитети како резултат на долги периоди на отплата
- БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
- БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
- Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
- Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство
- Со секоја одобрена апликација - предодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот
- Наменет за купување на стан/куќа директно од инвеститорот или од изведувачот на градежните работи
- Градба на куќа
- Купување на нова куќа од правно лице или куќа во типска населба
- Купување нова куќа од правно лице или куќа во типска населба /градба на куќа за млади до 35 години возраст
Обезбедување со залог на недвижен имот во вредност од 125% - 200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
Ценовни услови
- Апликативни трошоци 500,00 денари
- Административни трошоци 0% од износот на одобрениот кредит, еднократно, за сите клиенти.
- Трошоци за проценка 0 денари
- Трошоци за осигурување на имотот кој се става под залог
- Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во Агенцијата за катастар на недвижностите
- Нотарски трошоци за Изјавите по барање на Министерството за финансии
- Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија
- За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други банки 3% провизија од рефинансираниот износ
Вид на субвенција
- 50% од месечниот ануитет за купување стан
- 75% од месечниот ануитет за доградба/надградба на постоечка куќа
- 80% од месечниот ануитет за купување/градба на нова куќа
- 50% од учеството за купување стан
- 75% од учеството за доградба/надградба на постоечки куќа
- 80% учеството за купување/градба на нова куќа
- Субвенционирани кредити за млади до 35 год
- 70% од месечниот ануитет за првите 5 години за купување стан
- 60% за први 3 години, 50% за наредни 5 години, 40% за следните 3 години од месечниот ануитет со немана за КУПУВАЊЕ/ГРАДБА на нова куќа
- 50% за први 3 години, 40% за наредни 5 години, 30% за следните 3 години од месечниот ануитет со немана за доградба/надградба на постоечка куќа
- Субвенционирани кредити за млади до 35 год
- 70% учеството за купување стан
- 100% од учеството за купување/градба/доградба/надградба на куќа
Каматни стапки
За моделите каде се субвенционира дел од месечниот ануитет:
- 2.90% фиксна за првите три години
- 3.90% фикснa за 4-тата и 5-тата година
- 4.23% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата ја примаат преку СБ)
- 4,70% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ)
За моделите каде се субвенционира учеството:
- 4.00% (6 месечен ЕУРИБОР + 4.00 процентни поени за целото времетраење на кредитот)
Критериуми и Документација
Покрај критериумите пропишани со Законот за субвенциониран станбен кредит потребно е да бидат исполнети и следниве критериуми:
- Минимални месечни примања од 9.100 денари за секој учесник во кредитот поединечно.
- Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),
- Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесно семејство, но да ги задоволуваат следните услови:
1. Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или
2. Ко-кредитобарател да е клиент на со постоен кредитен производ во СБ, со добра кредитна историја - За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките.
- Максималниот вкупен износ на месечните примања за лицата кои не се во брачна заедница не смее да надмине 900 евра во денарска противвредност.
- Максималниот вкупен износ на месечните примања за лицата кои се во брачна заедница не смее да надмине 1300 евра во денарска противвредност.
- Возраст на кредитобарателот / ко-кредитобарателот минимум 20 години на денот на аплицирање, максимум 70 години на денот на отплата на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
- Сопствено учество од најмалку 10% од продажната вредност на станот кој се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
- Доколку се бара станбен кредит за градба на куќа, при што како обезбедување се нуди куќата која е предмет на градба заедно со земјиштето, минималното учество во однос на вкупната инвестиција за завршување на градбата потребно е да биде најмалку 25%.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на