header image header image

Понуда за физички лица - одложена отплата

ПОНУДА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ЗАВРШЕНА ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи поради корона кризата

 

Земајќи ги во предвид ефектите кои пандемијата со COVID-19 ги има врз нашите клиенти физички лица кои одржуваат постојана деловна соработка со Банката, и кои заклучно со 29.02.2020г. беа со статус А, Б или В (редовен статус) Банката им ја нуди следната понуда за промена на договорните услови за користење на кредитни производи, која е валидна во следните 10 денови со овие карактеристики:

  1. За клиенти физички лица корисници на кредити со месечни рати (како што се: станбен, потрошувачки и автомобилски) Банката ќе пристапи кон одложување на отплатата за сите кредитни производи во период од 6 месеци и продолжување на рокот на отплата за дополнителни 6 рати/месечни ануитети. Камата ќе продолжи да биде пресметувана во периодот на одложување на отплатата, согласно важечките каматни стапки. Главницата, каматата и трошоци кои се доспеани а не платени се до моментот на одложување на отплатата, ќе бидат регулирани со крајот на периодот од 6 месеци, со распределба во новиот продолжен период на отплата на производот.

  2. За клиенти физички лица корисници на револвинг кредитни производи (Visa/MasterCard кредитни картички или Мој Кеш), Банката ќе пристапи кон одложување на отплатата за период од 6 месеци. Редовна камата ќе се пресметува, согласно важечките каматни стапки, но износот на пресметана камата ќе доспева со крајот на периодот на одложување на отплатата.

  3. За клиенти физички лица корисници на дозволено пречекорување на трансакциска сметка, Банката нуди обнова на сите дозволени пречекорувања кои би истекле пред 30.09.2020 и во текот на целиот период нема да биде предмет на намалување.

 

ТЕХНИЧКИ ПОЈАСНУВАЊА ЗА ПОНУДАТА:

 

  • Клиентите кои доброволно во периодот од 01.04– 30.09.2020г. ќе сакаат да извршат уплата на Visa/MasterCard кредитните картички и Мој кеш (иако за тоа ќе немаат обврска), тоа ќе можат да го направат доброволно и во износ по своја определба, и истата соодветно ќе им биде ажурирана со намалување на долговните обврски. Препорачуваме, ваквите доброволни уплати клиентите да ги извршуваат по електронски пат (преку-e-banking, m-banking или ATM плаќања).
  • По однос на клиентите, корисници на Visa/MasterCard кредитните картички и Мој кеш, кои доброволно се регистрирале за целосна (100%) месечна отплата на доспеаните обврски преку траен налог – истиот ќе продолжи да се извршува, но ваквите клиенти, по свое убедување, можат во секое време и бесплатно, да го отповикаат својот траен налог (со јавување во Контакт Центарот 02/3100 – 109 или e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk).

  • За горе наведените категории на производи, клиентите кои сакаат да го задржат својот статус, и сакаат да продолжат со редовна отплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да ја информираат Банката најдоцна до 10.04.2020г. до 23:59 часот само по електронски пат:
    - преку
    e-mail адреса covid19@stb.com.mk или
    - со јавување во Контакт центарот на телефон 02/3100-109 

    Не одговарање на понудата ќе биде третирано како прифаќање на понудата. Клиентите кои ќе ја известат Банката преку e-mail, во дописот задолжително да ги наведат следниве податоци:

-Име и презиме

-Датум на раѓање

-Кредитна партија (број на договор) за ануитетски кредити и број на сметка од револвинг кредитен производ (Visa/MasterCard/Mој Кеш)

-Изјава за согласност дека за наведените кредитни партии/револвинг кредитни производи клиентот е согласен да продолжи со договорената динамика на плаќање, без користење на можноста за одложено плаќање на обврските.

  • Клиентите кои СЕ СОГЛАСНИ со понудата за сите кредитни производи кои ги користат не е потребно да праќаат e-mail до Банката, да посетат филијала, да пишуваат допис или да се обраќаат во Контакт центарот. Понудата согласно точка 1. и 2. ќе се примени само во случај КЛИЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ ОБРАТАТ ДО БАНКАТА при што договорните услови се сметаат за променети согласно оваа Понуда на 11.04.2020г.
    Доколку овие клиенти подоцна се изјаснат за одбивање на понудата и подготвеност да продолжат со редовна отплата на долгот, Банката ќе излезе во пресрет на клиентите при што условите ќе бидат дополнително определени.
  • Клиентите кои се корисници на повеќе кредитни производи, можат да се изјаснат за НЕПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДАТА за сите или само за некои од производите кои ги користат, додека за оние кредитни производи за кои клиентите не се изјасниле во наведениот рок по електронски пат или преку јавување на телефонскиот број на Контакт центарот, Банката ќе смета дека Понудата е прифатена и ќе пристапи кон спроведување на постапката за одложување на плаќањето на обврските согласно точка 1. и 2. од оваа Понуда.

За клиентите кои ја одбиле Понудата, доколку подоцна во претстојниот период се изложени со потешкотии во отплатата и сакаат да побараат од Банката промена на договорните услови согласно Понудата, Банката ќе излезе во пресрет и условите одделно договорно ќе се уредат.

 

ПРАВНО ДЕЈСТВО НА ПОНУДАТА:

 

  • Согласно Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 80/2020), при спроведувањето на одложувањето на плаќањето и продолжувањето на целокупниот рок на отплата на кредитните изложености согласно точка 1. и 2. од оваа Понуда, променетите услови произведуваат правно дејство спрема корисникот, солидарните должници и заложните должници без склучување на нов договор/анекс кон договорот.
  • Воедно, правното дејство на променетите услови од оваа Понуда има важност на целокупната договорна пропратна документација, сите нотарски исправи и обезбедувања и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечки договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.
  • За кредитните производи за кои е воспоставен траен налог, трајниот налог за периодот на одложено плаќање ќе биде во мирување.
  • Понудата е неделива и важи само со кумулативно исполнување и прифаќање на сите погоре наведени услови за секој поединечен Договор за кредитен производ.
  • Сите останати договорни одредби од постоечкитe договори за кредитни производи, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на секој поединечен договор.

 

ЗНАЧАЈНА НАПОМЕНА: Oвие мерки се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата.

 

 

Понудата, Стопанска банка АД – Скопје ја подготви во склад со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на РСМ бр. 80/20 од 30.03.2020г.) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ (Службен весник на РСМ бр.76/20 од 24.03.2020г.).

 

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пример пресметки

Напомена: Овие пресметки се само од информативен карактер и истите не се обврзувачки за Банката. Финалната пресметка ќе се добие по поминување на периодот на одложено плаќање и истата ќе биде содржана во новиот амортизационен план за отплата на кредитот.

Пример за потрошувачки кредит без обезбедување
Износ на главница: 400.000 МКД
Каматна стапка: 6% фиксна
Вкупно камата за периодот на одложено плаќање: 12.000 МКД

 

Пример за потрошувачки кредит без обезбедување
Износ на главница: 610.000 МКД
Каматна стапка: 8,33% променлива
Вкупно камата за периодот на одложено плаќање: 16.660 МКД

 

Пример за потрошувачки кредит со обезбедување
Износ на главница: 15.000 ЕУР
Каматна стапка: 6,48% променлива
Вкупно камата за периодот на одложено плаќање: 486 ЕУР

 

Формулар за одбивање на понуда за одложена отплата

 

Доколку сакате да ја одбиете понудата и да продолжите со редовна отплата на Вашите кредитни обврски Ве молиме пополнете го овој формулар.

 

 

Најчесто поставувани прашања

Понудата се однесува на сите физички лица клиенти на Банката кои користат кредитен производ. Под кредитен производ во понудата се подразбира: сите видови потрошувачки кредит (без обезбедување, хипотекарен, Мој Кеш), станбени кредити, авто кредити, кредитни картички, a кои на 29.02.2020 година биле редовни во отплатата или најмногу до 90 денови на доцнење по било кој основ и дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Доколку сте согласни со понудата НЕ Е ПОТРЕБНО ДА НАПРАВИТЕ ништо. Се смета дека без одговор, клиентите ја прифаќаат понудата и понудените услови.

НЕ. Банката не бара никакви докази, понудата важи за сите.

При спроведувањето на одложувањето на плаќањето и продолжувањето на целокупниот рок на отплата на кредитните изложености, правното дејство на веќе потпишаните договори, нотарски акти, нотарски солемнизации продолжува и понатаму, што значи дека клиентите не е потребно да потпишуваат било какви Анекси кон договорите за кредит или кон Нотарските исправи. За кредитните производи за кои е воспоставен траен налог, трајниот налог за периодот на одложено плаќање ќе биде во мирување. Променетиот Амортизационен план ќе биде на достапен непосредно пред завршувањето на периодот на одложено плаќање.

Согласно понудата, доспевањето на првиот следен месечен ануитет ќе се одложи за 6 месеци и воедно целокупното доспевање на кредитот ќе се продолжи за 6 месечни ануитети. Во периодот на одложено плаќање, не може да се врши делумна предвремена отплата на недоспеаните обврски и оваа уплата ќе се евидентира како вишок на уплатени средства и истите, по барање на клиентот, ќе се употребат за делумна предвремена отплата по завршување на периодот на одложено плаќање.

Доколку сте во можност, извршете ја уплатата.

Во спротивно, главницата, каматата и трошоци кои се доспеани а не платени се до моментот на одложување на отплатата, ќе бидат регулирани со крајот на периодот од 6 месеци, со распределба во новиот продолжен период на отплата на производот кога ќе биде изработен и нов Амортизацинен план.

Пример: Клиентот има доспеан долг од 5.000мкд (главиница и камата) на 10.03.2020 кој до почетокот на одложување на отплатата, не е подмирен/платен.
Овој износ, станува недостасана главница која се вклучува во пресметката и изработката на Амортизациониот план, и ќе бидат распределени во новиот продолжен период на отплата на производот.

Кај кредитните картички, вкупниот износот кој треба да се плати е прикажан во Априлскиот месечен преглед – а тоа е нула денари. Следствено, не е потребно одделно плаќање на евентуално неплатените рати за февруари/март 2020 г. Сепак, ги охрабруваме клиентите, согласно можностите да уплатат износ по нивен избор со кој ќе можат да го намалат кредитниот долг на кој се пресметува камата.

 

Согласно понудата отплатите ќе започнат по истекот на 6 месечни ануитети.

Понудата не се однесува на клиенти кои биле нефункционални на 29.02.2020 година. Доцнење над 120 денови носи статус нефункционален. Но сепак, доколку сте заинтересирани, обратете се до Банката преку covid19@stb.com.mk за индивидуално разгледување на можностите за вклучување во понудата.

За клиентите кои ја одбиле Понудата, доколку подоцна во претсојниот период се изложени со потешкотии во отплатата и сакаат да побараат од Банката промена на договорните услови согласно Понудата, Банката ќе излезе во пресрет и условите одделно ќе се уредат.

За клиентите кои сакаат да ја одбијат понудата, односно да го задржат својот статус, и сакаат да продолжат со редовна отплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да ја информираат Банката најдоцна до 10.04.2020г. до 23:59 часот само по електронски пат:
- Преку пополнување на формуларот достапен на копчето (ОДБИЈ ПОНУДА) ОДБИЈ ПОНУДА
- преку 
e-mail адреса covid19@stb.com.mk или
- со јавување во Контакт центарот на телефон 02/3100-109 

Не одговарање на понудата ќе биде третирано како прифаќање на понудата. Клиентите кои ќе ја известат Банката преку e-mail, во дописот задолжително да ги наведат следниве податоци:

-Име и презиме

-Датум на раѓање

-Кредитна партија (број на договор) за ануитетски кредити и број на сметка од револвинг кредитен производ (Visa/MasterCard/Mој Кеш)

-Изјава за согласност дека за наведените кредитни партии/револвинг кредитни производи клиентот е согласен да продолжи со договорената динамика на плаќање, без користење на можноста за одложено плаќање на обврските.

За клиентите кои ја прифаќаат понудата:

- кредитните производи за кои е воспоставен траен налог, трајниот налог за периодот на одложено плаќање ќе биде во мирување по стапување на понудата во сила (од 11.04.2020), доколку нема доспеани неплатени обврски. Во периодот од објава на понудата до нејзиното стапување во сила, трајните налози се уште ќе се реализираат

За клиентите кои ја одбиваат понудата:

Трајните налози ќе продолжат да се реализираат и понатаму

Во врска со корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.

Да, но во месечниот извештај минималниот износ за плаќање ќе биде 0.

Доколку клиентите подоцна се изјаснат за одбивање на понудата и подготвеност да продолжат со редовна месечна отплата на долгот, Банката ќе излезе во пресрет на клиентите, пришто на нивно барање, кредитот ќе биде изземен од мерката за одложено плаќање и истиот ќе продолжи да се отплатува на месечна основа.

Клиентите кои доброволно во периодот од 01.04– 30.04.2020г. ќе сакаат да извршат уплата на Visa/MasterCard кредитните картички и Мој кеш (иако за тоа ќе немаат обврска), тоа ќе можат да го направат доброволно и во износ по своја определба, и истата соодветно ќе им биде ажурирана со намалување на долговните обврски. Препорачуваме, ваквите доброволни уплати клиентите да ги извршуваат по електронски пат (преку-e-banking, m-banking или ATM плаќања).

Клиентите кои доброволно ќе уплатат на сметката за кредит (потрошувачки, станбен, автомобилски) уплатата ќе се третира како авансна уплата и ќе се регистрира како уплата по достасувањето на првиот ануитет по завршувањето на перидоот на одложено плаќање. Доколку клиентот е заинтересиран за делумна предвремена отплата од вишокот на уплатени средства во текот на периодот на одложено плаќање, ќе биде должен да побара делумна предвремена отплата согласно восппоставената процедура на Банката, по завршувањето на периодот на одложено плаќање.

Доколку станува збор за повеќе уплати на рати клиентот треба да се произнесе дека ја одбива Понудата со допис до covid19@stb.com.mk

Условите од Понудата не се однесуваат за новите кредити во процес на одобрување. За новите кредити, клиентите ќе треба редовно да ги отплаќаат месечните ануитети од самиот почеток. Доколку некој од клиентите не е во можност да врши редовна месечна отплата во овој период, не би било разумно ни да се задолжува сега, туку евентуално да го одложи задолжувањето за некој подобар период.

Рефинансирањето како опција продолжува да биде во примена за клиенти кои се подготвени да го отплаќаат кредитот редовно, без користење на Понудата.

Без разлика што со продолжувањето на рокот на отплатата, клиентите ќе ја надминат старосната граница, Понудата важи и за нив и тоа е земено во предвид при подготвувањето на условите од Понудата.

Kлиентите кои сакаат да го задржат својот статус, и сакаат да продолжат со редовна отплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да ја информираат Банката по електронски пат:
1. На линкот користејќи го формуларот: https://www.stb.com.mk/naselenie/krediti/ponuda-za-fizicki-lica-odlozena-otplata/#Formular_za_ODBIVANE_na_ponudata

2. на e-mail адреса covid19@stb.com.mk или

3. со јавување во Контакт центарот на телефон 02/3100-109 најдоцна до 10.04.2020г. до 23:59 часот.

Не одговарање на понудата ќе биде третирано како прифаќање на понудата.

Клиентите кои ќе одберат да ја известат Банката по електронски пат, во дописот задолжително да ги наведат следниве податоци:

-Име и презиме

-Датум на раѓање

-Кредитна партија (број на договор) за ануитетски кредити и број на сметка од револвинг кредитен производ (Visa/MasterCard/Mој Кеш)

-Изјава за согласност дека за наведените кредитни партии/револвинг кредитни производи клиентот е согласен да продолжи со договорената динамика на плаќање, без користење на можноста за одложено плаќање на обврските

ПРИМЕР ЗА ИЗЈАВА:

1. Почитувани,

Јас, Петко Петковски, со датум на раѓање 12.3.1990година изјавувам дека не се согласувам со понудата за СИТЕ мои кредитни производи во Банката.

со почит,
Петко

2. Почитувани,

Јас, Петко Петковски, со датум на раѓање 12.3.1990година изјавувам дека не се согласувам со понудата за мојот Станбен кредит договор број 1213-1213.

Со почит,
Петко

Сите клиенти кои имаат регистрирано (пријавено е-маил), по истекот на важност на понудата ќе добијат соодветно е-mail известување дека се регистрирани за откажување на понудата

Во периодот од 6 месеци и клиентите кои ја имаат одбиено понудата во делот на кредитнтие картички и мој кеш ќе добиваат минимален износ за плаќање од 0 (нула) денари. Притоа, секоја нивна уплата на износ согласно нивните можности, Банката веднаш соодветно ќе го раскнижуваа преку отплата на каматата и соодветно намалување на главницата како основа за пресметка на каматата во наредниот период.

Стопанска банка нема ниту овластување ниту можност за откажување на трајните налози што клиентите ги имаат на сметки во други банки. За таа цел потребно е клиентите индивидуално да се обратат во другите банки за откажување на ваквиот налог.

Со одложувањето на плаќањето за 6 месечни рати, главницата останува иста за овој период и таа главница ќе биде основа за пресметување на каматата која ќе се распоредува за отплата во следните месечни рати по завршување на периодот на одложено плаќање. Таа кумулираната камата нема да биде основица за пресметка на камата во идниот период. По завршувањето на периодот на одложено плаќање, на недоспаената главница се прави нов класичен амортизационен план со продолжениот рок на отплата од 6 месеци. Во секој случај, камата се пресметува за периодот за којшто се користат средствата, но не се пресметува камата на камата. Остатокот на главница продолжува да се амортизира во преостанатиот рок на отплата на кредитот. 

Трајните налози за животното осигурување во овој период ќе продолжат да се извршуваат со месечна динамика. Трајниот налог за животното осигурување, кое се плаќа на рати, не претставува дел од ратата на кредитот (не е дел од амортизациониот план на кредитот). Во случајов, Банката само го сервисира извршувањето на трајните налози со кои се врши плаќање на ратите кон друштвото за животно осигурување.

Понудата стапува во примена почнувајќи од 11.04.2020 при што периодот на одложено плаќање почнува во примена за сите доспеани месечни ануитети со почеток од 11.04.2020 до 10.05.2020 заклучно со 11.10.2020 до 10.11.2020, во зависност од датумот на месечно достасување на секој поединечен кредит.

Иако понудата е објавено на 31.03.2020 по што даден е рок од 10 денови во кој клиентите треба да се произнесат по неа. Во периодот од нејзино објавување до датумот на практично имплементирање на понудата 10.04.2020, трајните налози се уште ќе се реализираат во склад со важечките договори за користење на кредитните производи.

Лицето кое го отплаќа кредитот, може да изврши одбивање на понудата за одложено плаќање, со јавување на наведените телефонски броеви во контакт центарот.

Трајните налози за клиентите кои ќе ја одбијат понудата ќе продолжат да се реализираат и понатаму.

Кај кредитните картички и Мој Кеш: Трајните налози за клиентите што се определиле за 100% плаќање од доспеаниот минимален долг – ќе продолжат да се извршуваат, како што е наведено и во јавно објавената понуда. Ваквите трајни налози се доброволни и доколку некој од клиентите сака да го откаже – тоа може едноставно да го стори со јавување на телефонот на Контакт Центарот: 02/3100 109. Трајните налози на клиентите кои отплаќаат минимален износ за плаќање во овој период нема да се извршуваат, имајќи во предвид дека минималниот износ за плаќање на сите клиенти ќе биде 0 (нула) денари до крајот на септември 2020 г.

До крајниот датум на изјаснување, најдоцна до 10.04.2020г. до 23:59 часот, клиентот може да даде изјава и да го повлече одбивањето.  

 Да, клиентите кои ќе ја прифатат понудата (кои нема да пратат барање за нејзино откажување) – се слободни да продолжат да ги користат кредитните картички и мој кеш, во рамките на расположливиот кредитен лимит кој е наведен во месечниот преглед кој Банката го издава за овие кредитни производи.

Да, со тоа што во моментот на вклучувањето на мерката за одложување на плаќањата, сите доспеани обврски треба да бидат подмирени.

Да, со тоа што по завршувањето на периодот на одложено плаќање и продолжувањето на рокот на отплатата, ќе има некоја корекција во висината на месечните ануитети, но Владата преку Министерството за финансии ќе продолжи да исплаќа субвенција согласно амортизациониот план и висината на месечните ануитети кои биле договорени во моментот на одобрувањето на субвенцијата (како да не се користи мерката на одложување на плаќањата и продолжување на рокот на отплатата). Тоа значи дека по корекцијата на месечните ануитети по завршување на перидот на одложено плаќање, субвенцијата која се исплаќа од Владата, ќе остане непроменета и нема да се прилагоди на новата висина на месечниот ануитет.  

По истекот на 6-те месеци, акумулираната камата нема да биде веднаш доспеана за плаќање во минималниот износ за плаќање во Октомври 2020, туку ќе биде поделена на 4 дела кои сукцесивно ќе доспеваат во: октомври 2020г., ноември 2020г., декември 2020г. и јануари 2021г. На тој начин товарот на акумулираната камата од шесте месеци ќе биде распределен во четири сукцесивни месечни рати.

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на