

Промоции
Наградна игра - Плаќај со Mastercard, освој TESLA
Наградна игра - Плаќај со Mastercard, освој TESLA
Наградна игра
Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички.
Од 1 јули до 31 октомври со користење на картичката за плаќање во трговија секој клиент станува потенцијален добитник на една од вредните награди:
- 12 Garmin паметни часовници
- 4 х ваучери во вредност од 50.000денари
- 4 х ваучери во вредност од 100.000денари и
- ГЛАВНАТА НАГРАДА – автомобил TESLA model 3
Согласно правилата за наградната игра, различни видови на трансакции со платежните картички носат различни шанси за добивка за корисниците:
- за секоја трансакција во трговија – 1 право на учество во извлекувањата односно, 1 шанса за добивка
- за секоја трансакција на рати – двојна шанса за добивка
- за секоја трансакција на интернет – тројна шанса за добивка
- за секоја трансакција направена со Google Pay™ шансата за добивка се зголемува до 5 пати.
Банката ќе спроведе 4 месечни извлекувања и со последното, четвртото ќе го извлече и среќниот добитник на главната награда. Сите добитници ќе бидат објавувани во дневниот весник Вечер и на веб страницата на Банката согласно роковите наведени во правилата.
Ако просечно месечно клиентот прави 20 трансакции со својата платежна картичка, во период од 4 месеци ќе генерира најмалку 80 шанси за добивка, а се надеваме дека клиентите во периодот ќе бидат и мотивирани почесто да ги користат своите платежни картички. Сакајќи да ја промовираме повеќе новата функционалност достапна за клиентите, Google Wallet и Google Pay овој вид на трансакции носат најголеми шанси за добивка, односно секоја Google Pay трансакција носи 5 учества во извлекувањата а соодветно поголема вредност имаат и трансакциите направени кај e-commerce трговци и плаќањето на рати со кредитните картички. На овој начин ги заокружуваме и наградуваме сите разновидни искуства кои ги нудат нашите платежни картички.
Граѓаните кои немаат Mastercard картичка од Стопанска банка а се заинтересирани за учество во наградната игра може да се обратат во нашите филијали, на АлоКредит 15110 или да поднесат барање на www.alokredit.mk во секое време од денот.
Правила за наградна игра
ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА „НАЈБРЗО ДО ТЕСЛА ВОЗИЛО СО СБ“
Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл весник на РМ, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012 и 27/14), се утврдуваат следните правила на наградната игра:
Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „НАЈБРЗО ДО ТЕСЛА ВОЗИЛО СО СБ“ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД - Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).
Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата за Мастеркард кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД – Скопје.
Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „НАЈБРЗО ДО ТЕСЛА ВОЗИЛО СО СБ“.
Наградната игра ќе започне од 01.07.2023 и ќе трае до 31.10.2023 година.
Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 - годишна возраст), кои се корисници на производот за физички лица Мастеркард кредитна или дебитна картичка од ОРГАНИЗАТОРОТ, наведен во член 2, за направена трансакција во периодот од 01.07.2023 до 31.10.2023 година, а кои на денот на извлекување на наградата немаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи или други кредитни производи на Банката. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 30 дена неподмирени достасани обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД - Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).
Лицата од ставот 1 од овој Член, за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка во трговија, на банкомат, на интернет или GPay во периодот од 01.07.2023 до 31.10.2023 година, добиваат:
- Една референца / учество за трансакција во трговија
- Две референци / учества за трансакција на рати без камата со кредитна Мастеркард картичка на СБ
- Три референци / учества за e-commerce трансакции
- Пет референци / учества за трансакција со дигитализирана дебитна или кредитна Мастеркард картичка (GPay) за учество во наградната игра.
Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на МАСТЕРКАРД кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД - Скопје, на територијата на Република Северна Македонија.
Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ
Во Наградната игра ќе бидат доделени следната награди:
Вид на награда | Количина | Единечна цена (со ДДВ) | Вкупна цена (со ДДВ) |
Месечни награди во износ од 100.000,00 денари | 4 | 100.000 денари | 400.000 денари |
Месечни награди во износ од 50.000,00 денари | 4 | 50.000 денари | 200.000 денари |
Месечни награди Гармин часовници | 12 | 18.990 денари | 227.880 денари |
Главна награда TESLA возило модел 3 | 1 | 3.462.670 денари | 3.462.670 денари |
Вкупниот награден фонд со вклучен персонален данок 15% изнесува 4.290.550,00 денари
Член 7
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за секоја трансакција направена со МАСТЕРКАРД кредитна или дебитна картичка во период од 01.07.2023 до 31.10.2023 во трговија, e-commerce, Google Pay, добиваат:
- Една референца / учество за трансакција во трговија
- Две референци / учества за трансакција на рати без камата со кредитна Мастеркард картичка на СБ
- Три референци / учества за e-commerce трансакции
- Пет референци / учества за трансакција со дигитализирана дебитна или кредитна Мастеркард картичка (GPay) за учество во наградната игра.
Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.
Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.
Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата.
Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.
Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши еднаш месечно со почеток од 15.08.2023, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.
Извлекувањето на наградите ќе се врши во 4 месечни циклуси и тоа:
- Прв месечен циклус кој ќе се однесува за обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.07.2023 – 31.07.2023 г.
- Втор месечен циклус, кој ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.08.2023 – 31.08.2023 г.
- Трет месечен циклус, кој ќе се однесува на обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.09.2023 – 30.09.2023 г.
- Четврт месечен циклус, кој ќе се состои од:
- Редовно месечно извлекување, за обезбедените учества на клиентите во периодот помеѓу 01.10.2023 – 31.10.2023 г.
- Извлекување на главната награда (Тесла модел 3), за обезбедените учества на клиентите од почетокот (01.07.2023 г.) па до крајот на наградната игра (31.10.2023)
Извлекувањата ќе се организираат до 15тиот ден по завршувањето на периодот на секој од четирите месечни циклуси во просториите на Централата на Банката на ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје и тоа:
- Извлекување за првиот месечен циклус (15 август 2023 во 10:00 часот)
- Извлекување за вториот месечен циклус (15 септември 2023 во 10:00 часот)
- Извлекување за третиот месечен циклус (13 октомври 2023 во 10:00 часот)
- Извлекување за четвртиот месечен циклус (15 ноември 2023 во 10:00 часот)
Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката преку специјален софтвер изготвен за таа намена, лоциран во просториите на Стопанска банка АД - Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
- Двајца претставници од Стопанска банка АД – Скопје и
- Нотар од Република Македонија
При секое од 4те извлекувања, ќе бидат извлечени 5 награди и 2 резервни добитници, само на последното извлекување ќе бидат извлечени 6 награди/добитници и 3 резервни добитници.
Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите во дневните весници „Вечер“ како и на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ.
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ на Банката, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.
Наградите може да се подигнат во рок од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците на награди.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.
Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.
Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.
Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).
Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка АД – Скопје.
Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:
- Телевизиски спот
- Рекламни пораки на веб страната на Стопанска банка АД - Скопје (www.stb.com.mk)
- Рекламни пораки на радио,
- Веб банери,
- Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје,
- E-mail и смс маркетинг,
- Социјални медиуми.
Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерсвото за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
Извлекувања и објава на добитници
Месечните извлекувања се планирани за следните датуми:
- Извлекување за првиот месечен циклус (15 август 2023)
- Извлекување за вториот месечен циклус (15 септември 2023)
- Извлекување за третиот месечен циклус (16 октомври 2023)
- Извлекување за четвртиот месечен циклус (15 ноември 2023)