

Промоции
Кампања за безбедност при купување на интернет
Кампања за безбедност при купување на интернет
Кампања за безбедност при купување на интернет
Како безбедно да купувате преку интернет за време на овие новогодишни празници и да ги надмудрите криминалците кои ќе се обидат да го злоупотребат купувањето?!
Новата кампања за подигнување на свеста се фокусира на Е-трговците пред претстојниот „Црн петок - викенд на попусти“.
Најголемата малопродажна сезона во годината само што не пристигнала, а вие не морате ни да го напуштите домот за да учествувате во неа. Но не мораат ни криминалците.
Лесниот дизајн на веб-страниците, зголемениот сообраќај на социјалните мрежи и практичноста направија купувањето и продавањето на производи преку интернет да биде столб на модерното шопинг искуство. Пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување. За бизнисите, овој тренд истовремено претставува предизвици и значајни можности. Поголемата продажба и поголемиот сообраќај значат и поголем приход. Но исто така значат и позачестени измами бидејќи криминалците имаат уште повеќе можности да украдат како од потрошувачите, така и од трговците. Па, како треба да се подготват трговците на мало?
Како да го заштите вашиот е-бизнис
Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:
- Знајте го вашиот производ: некои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предмети.
- Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
- Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
- Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.
Повеќе совети како да се заштите себеси и вашиот бизнис од е-измамници може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce/emerchants
Поопшти совети за како да купувате безбедно на интернет може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce
Операцијата „eComm 2020“е креирана како дел од Истрагата за измама со платежни картички во рамки на ЕМПАКТ предводена од Европол и Австрија. Оваа операција претставува продолжување во пракса на работата на Работната група за е-трговија, јавно приватно партнерство основано во 2014 година со клучни засегнати страни, вклучително Советот за заштита на трговците од ризик, мрежа од 535 e-трговци ширум светот.
Следните земји учествуваат во овогодишната кампања „eComm2020“ за побезбедно купување на интернет:
Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на