header image header image

„Купувам Домашно“ платежни картички

Информации за „Купувам домашно“



Стопанска банка АД – Скопје, како системска банка, активно е вклучена во спроведувањето на проектот „Купувам домашно“ кој произлегува од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Клиентите е потребно да ги следат неколкуте чекори за да добијат информација за својот статус.

1. На www.kupuvamdomasno.gov.mk може да се информираат од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификувале.

2. На овој веб формулар лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање.
За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон/e-mail во Банката, ќе им биде испратен и СМС/e-mail со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.
Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109.
Листата со термини за подигнување на картичките се ажурира секој ден согласно изработката и испораката на нови количини картички кон филијалите. Проверете повторно следниот ден, доколку се уште немате термин за подигнување на картичката.

3. Апелираме клиентите да се придржуваат до определениот термин (датум, време и филијала) за подигнување на картичките со цел избегнување на метежот и нивна поголема заштита во овие вонредни услови. Клиентите задолжително со себе треба да понесат важечки документ за лична идентификација!

4. Издавањето на картичките Банката ќе го врши во наменски определени филијали (во градовите каде СБ е застапена со повеќе филијали) или со посебен временски режим на работа за оваа намена (во градовите каде што Банката има една филијала), за што детални информации ќе бидат објавени наскоро.
 

Договори

Запознајте се со договорните услови за производите кои ќе треба да ги користите во Стопанска банка за изработка на платежна картичка од програмот на Владата „Купувам Домашно“

 

Договор за отворање на трансакциска сметка

Договор за изработка и издавање на дебитна платежна картичка

 

Термин и локација

Користете го нашиот формулар достапен на www.stb.com.mk/DPK со помош на кој можете да го дознаете терминот (датум и време) и локацијата (филијалата) за подигнување на платежната картичка.

НАПОМЕНА: неопходно е запазување на терминот за поголема заштита и ефикасност. Клиентите нема да можат да бидат услужени доколку се појават пред предложениот термин.

При посета на филијалата понесете со себе лична карта или пасош а малолетните лица да бидат во присуство на родителите/старателите и да понесат со себе извод од матична книга на родени.

За влез во филијалата, неопходна е употреба на маска/марама со кои се покриени носот и устата како и користење на средство за дезинфекција на раце.

Режим на работа

Со цел брзо и непречено издавање на картичките, без притоа да се прекине секојдневната интеракција со клиентите, Банката организира посебен режим на работа за филијалите.

Скопје:

Овие филијали ќе работат од понеделник до петок од 8:30 до 19 часот и сабота од 8:30 до 14 часот исклучиво за издавање на картичките:

  • Бит пазар
  • Расадник
  • Мајка Тереза
  • Макпетрол
  • Ѓорче Петров и
  • Ново Лисиче

Останатите филијали во Скопје ќе работат со редовно работно време за сите други потреби на клиентите на Банката, од 8:30 до 16 часот.

Тетово, Битола и Охрид:

Овие филијали ќе работат од понеделник до петок од 8:30 до 19 часот и сабота од 8:30 до 14 часот исклучиво за издавање на картичките:

  • Тетово Нова
  • Битола 2
  • Охрид Туристичка

Останатите филијали во овие градови ќе работат со редовно работно време за сите други потреби на клиентите на Банката.

Останатите градови во Републиката:

За издавањето на картичките во другите градови филијалите ќе работат во попладневните часови и во сабота.
Подигнување на каритчките ќе биде достапно согласно овие работни саати:

ФИЛИЈАЛА Понеделник - Петок Сабота
Куманово 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Крива Паланка 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Берово 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Пехчево 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Виница 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Гевгелија 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Богданци 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Делчево 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Мак. Каменица 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Кочани 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Пробиштип 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Радовиш  14:30-19:00 08:30 - 14:00
Св.Николе 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Струмица 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Ново Село 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Валандово 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Штип 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Гостивар 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Дебар 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Кичево 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Струга 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Демир Хисар 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Велес 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Кавадарци 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Крушево 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Неготино 14:30-17:00 08:30 - 14:00
Прилеп 14:30-19:00 08:30 - 14:00
Ресен 14:30-17:00 08:30 - 14:00

 

Останатото работно време, овие филијали ќе работат за сите други потреби на клиентите на Банката. 

За картичката

Платежните картички издадени преку проектот „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе бидат од брендот на VISA или MasterCard и ќе бидат поврзани со посебна наменска трансакциска сметка на клиентот.

Картичките на себе ќе имаат ознака КУПУВАМ ДОМАШНО и ќе бидат наменети за купување на македонски производи и услуги на физички локации или на интернет во деловни објекти кои ги вршат овие дејности:

  • ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одморалишта, сместувачки капацитети и туристички агенции
  • трговија на мало за храна и пијалоци
  • зелени пазари
  • аптеки
  • фризерски салони и салони за разубавување

Со картичката не може: да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од Македонија, ниту да се префрлаат средства кон други сметки.

Со картичката може на банкомат да се проверува состојаба на сметката без надомест.

Без надомест е издавањето, водењето и управувањето до крајот на 2020та година, како и затворањето на сметката и картичката на барање на клиентите. Картичките се без членарина за првата година на користење.

 

Подетални информации за картичката се достапни на интернет страницата на Владата.

Најчесто поставувани прашања

Проверката е достапна преку интернет страницата на Владата kupuvamdomasno.gov.mk со внес на ЕМБГ. Резултатите покажуваат дали лицата се квалификувани за платежна картичка и во која од банките ќе им биде изработена картичката.

Не, клиентите нема потреба посебно да доаѓаат за отварање на трансакциска сметка. Банката при издавањето на картичката ќе отвори и трансакциска сметка наменска за оваа потреба. При подигнувањето на картичката, клиентите потпишуваат Изјава со која правно се регулира отварањето на трансакциската сметка. Притоа, вака отворената трансакциска сметка ќе биде ослободена од трошок за водење на сметка до крајот на 2020 година.

Средствата од финансиската поддршка што ја доделува државата ќе може непречено да се користи преку ДПК платежната картичка, независно од тоа дали други сметки во Стопанска банка или други банки се блокирани.

Износот на финансиска поддршка го утврдува Владата како организатор на проектот “Купувам домашно“ и истиот може да се провери на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk

Состојбата на сметката може да се провери преку дигиталното банкарство на Стопанска банка (i-bank сервисот) или преку мрежата од повеќе од 170 банкомати на Банката. За разлика од повеќето други банки, проверката на состојбата на сметка преку банкоматите на Стопанска банка е секогаш бесплатна.

  • ДПК платежната картичка Стопанска банка ја издава без никакви трошоци за издавање и ослободена од трошок за годишна чланарина за првата година на користење. Доколку досега не сте имале трансакциска сметка во Стопанска банка, за потребите на издавањето на оваа картичка, отворена ќе биде трансакциска сметка која е ослободена од трошок за водење на сметката до крајот на 2020 г.
  • По истекот на првата година од користење (Јуни 2021), се наплаќа годишна чланарина од 150 денари годишно, но само во случај годишниот промет со ваша Visa/MasterCard ДПК картичка да е помал од 30.000 денари. Секако, доколку клиентите немаат повеќе потреба од картичката, можат во секое време и целосно бесплатно да поднесат барање за затварање на картичката преку било која од филијалите на Банката, или преку 24/7 Контакт Центарот (02/3100 109).

ДПК може да се користи исклучиво за промет во државата, за купување на МАКЕДОНСКИ производи и услуги на пример во:
•    Супермаркети и други продавници за храна и пијалоци, Аптеки, фризерски салони, зелени пазари и сл.
•    Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта и други сместувачки капацитети во државата како и туристички агенции

ДПК платежната картичка е системски оневозможена од Банката за подигнување на готовина (кеш) од банкомат или од филијала, за плаќања во странство како и за користење надвор од предвидените дејности утврдени со Уредбата на Владата за издавање на ДПК. На продажните места пак каде е возможена за користење, ДПК платежната картичка е наменета исклучиво само за плаќање (при купување) на македонски производи. Исто така, сметката поврзана со ДПК картичката не може да се користи за пренос на средства на други сметки.

 

Да, картичката може да се користи и по истекот на 2020 година. Картичката има 5 годишна важност, ослободена е од годишна членарина за првата година на користење (до јуни 2021), по што годишната членарина изнесува 150 денари (за цела година), но се наплаќа само доколку прометот во трговската мрежа, направен со картичката претходната година, бил помал од 30.000 денари (вкупно за цела година).

Откажувањето на картичката може да се направи во секое време без никаков трошок.

 

Средствата од финансиската поддршка потребно е да се искористат најдоцна до 15 Август 2020 г. по што евентуално неискористениот износ, Банката е должна да го врати на организаторот на проектот. Целосни информации во врска со ова и слични прашања прочитајте на www.kupuvamdomasno.gov.mk

Стопанска банка издава ДПК картички од двата најпознати меѓународни брендови: Visa и MasterCard. Во интерес на навремено издавање на сите картички, не е предвидена можност за избор на платежен бренд Visa / MasterCard, односно брендот го одбира Банката согласно расположливите залихи на картички.

Да, картичката може да се користи за плаќање преку Интернет кај домашни интернет продавници. Притоа потсетуваме дека Стопанска банка е првата банка во државата која ги овозможи сите картички за безбедно користење на Интернет, обезбедувајќи им 3D Secure заштита. За да може да се користи картичката на Интернет, претходно потребно е клиентите да имаат пријавено точен/активен мобилен телефон во базата на Банката, со проверка преку Контакт Центарот (02/3100 109)

Износот на финансиска поддршка може да се провери на www.kupuvamdomasno.gov.mk 

По налог на Владата како организатор на проектот “Купувај Домашно“, Банката само е издавач на ДПК платежната картичка и овозможува нејзино соодветно користење само за предвидените дејности на територијата не државата.

Подигнувањето на ДПК картичката малолетно лице може да го направи самостојно само доколку поседува лична карта или пасош за идентификација. Во спротивно, за подигнување на картичката потребно е да се донесе извод од матичната книга на родени и присуство на најмалку еден родител или старател кој ќе приложи лична карта.

Јавете се во Контакт Центарот достапен 24/7 на 02/3100 109 и побарајте картичката да биде доставена во градот во кој живеете во моментов. Префрлувањето на картичката во бараната филијала вообичаено е постапка која трае пократко од 7 работни дена.

Картичката може да ја подигнете по завршувањето на периодот на самоизолација или по завршувањето на евентуалното лекување од Ковид-19.
Рокот за употреба на средствата е 15.08.2020 па можете да ја подигнете картичката пред тој термин.

За избегнување на поголем ред за подигнување на картичките, Банката доделува термини кои доколку се почитуваат, подигнувањето на ДПК картичките ќе биде без поголеми задржувања во редот. Картичката може да ја подигнете и во друг термин, но Банката препорачува да сторите максимални напори за запазување на посочениот термин како најбезбеден начин за подигнување на картичката.

Постојни клиенти на Банката податокот за мобилниот телефон може да го ажурираат во секое време преку 24/7 Контакт Центарот на Банката достапен на: 02/3100 109. Дополнително, наскоро Банката ќе го објави web сервисот www.stb.com.mk/DPK преку кој клиентите самостојно ќе можат да остварат увид во нивниот термин за издавање на ДПК картичка.

Првичното издавање на картичката се врши преку филијаите на банката каде клиентите вршат избор на ПИН-код со кој избор се врши активирање на картичката а се потпишува и Изјава за подигнување на картичката која има функција на Договор. Обновените картички (по истекот на првичната важност) веќе 10 години Стопанска банка ги доставува на домашната адреса на клиентите

Не, ДПК картичките не може да ги подигне овластено лице. Доколку во наведениот термин не можно да се подигне картичката, подигнувањето лицето може да го направи подоцна во текот на месец Јуни или Јули 2020 г. Крајниот рок за искористување на средствата што државата како финансиска подршка ги уплаќа на ДПК е 15 Август 2020 г.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на