

Маркетинг и ООП
Вози право, вози здраво vol. 7
Вози право, вози здраво vol. 7
#ВПВЗ
7мо издание на “Вози право, вози здраво“, општествено одговорен настан на Стопанска банка АД - Скопје
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Поради временските услови, стартот на настанот се поместува за 11 часот, пред Порта Македонија, недела 28.05.
Повторно го преплавуваме градот со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и насмеани лица!
Ги повикуваме сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот слободно да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебешки колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот ќе се одржи на 28 мај, недела со СТАРТ од 11 часот од Порта Македонија по што следува забава и лотарија на целта во Градскиот парк.
Регистрација за учество
За учество во настанот и лотаријата потребно е да се регистрирате на едноставната форма достапна на нашата веб страница по што ќе добиете e-mail и SMS пораки за успешна регистрација.
Подигнување на редни броеви
Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од просториите на Стопанска лизинг на ул. Македонија, покрај спомен куќата на Мајка Тереза секој ден од понеделник 22.5 до сабота 27.5, од 10 до 18 часот.
Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА да биде овозможено. Затоа, побрзајте подигнете ги броевите најдоцна до сабота, 27. 5, до 18часот од Стопанска лизинг.
На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со вода, сладолед и грицки.
За доброто расположение на присутните ќе се погрижат 5+ фамилија, Baskerfest како и водителите Дени, Игор и Цако.
Лотарија
За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата ќе има и вредна лотарија која овојпат вклучува 7 х 7 вредни награди:
- 7 SPECIALIZED велосипеди (L)
- 7 SPECIALIZED велосипеди (XXS)
- 7 Garmin часовници
- 7 Airpords слушалки
- 7 JBL слушалки
- 7 велосипедски кациги и
- 7 спортски ранци
Банката обезбеди и ваучери за вода, сладолед и грицки со што ќе го освежиме пристигнувањето на целта и ќе можеме да уживаме во добрата забава.
Совети и Препораки
Како и досега, нашите препораки за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
- внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор
- дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката
- не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите на целта нема да бидат посебно наградени
- бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник
- внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
- очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење
- Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено внимание ќе биде посветено на хигиената и за време на одржувањето на настанот како и по завршувањето на истиот.
Банката информира дека работи согласно законската регулатива за заштита на лични податоци и дека личните податоци во процесот на регистрација се собираат и обработуваат само за потребите на целосна реализација на ревијалната трка и по нејзино завршување истите ќе бидат избришани и уништени согласно регулативата. Настанот ќе биде сниман и фотографиран со цел промоција на истиот во медиумите. Видеото и фотографиите ќе бидат објавени на веб страницата како и на профилите на Стопанска банка на социјалните мрежи.
Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за исплата на персонален данок.
Со поднесување на формата за регистрација, потврдувате дека сте лично одговорни за своите активности и постапки за време на ревијалната трка и дека ќе се грижите за себе и за својот личен имот. Банката не превзема одговорност за однесувањето и постапките на учесниците како и евентуалните повреди или оштетувања на учесниците или нивниот личен имот за време на ревијалната трка и настанот.
Впечатоци од претходните изданија на #ВозиПравоВозиЗдраво
Видеа
Фотографии
СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАРТОТ!
Добитници од лотаријата
Среќните добитници кои беа извлечени и беа присутни на настанот да си ги преземат наградите се:
ПРВ ДОБИТНИК: Ваучер 12.000денари од Град Скопје - малолетно лице Ј.П. реден број 508
7+7 ВЕЛОСИПЕДИ
- Specialized велосипед - малолетно лице К.Р. реден број 5200
- Specialized велосипед - малолетно лице И.Ј. реден број 1651
- Specialized велосипед - малолетно лице С.П. реден број 3149
- Specialized велосипед - малолетно лице Д.М. реден број 6371
- Specialized велосипед - Борче Ј. реден број 2165
- Specialized велосипед - Тамара Т. реден број 3605
- Specialized велосипед - Катерина К. С. реден број 6321
- Specialized велосипед - малолетно лице М.Г. реден број 7623
- Specialized велосипед - Марјан П. реден број 1875
- Specialized велосипед - Кире М. реден број 3258
- Specialized велосипед - малолетно лице Х.П. реден број 5820
- Specialized велосипед - Ристо А. реден број 5203
- Specialized велосипед - Кристина А. реден број 1499
- Specialized велосипед - малолетно лице И.Р. реден број 2031
7 Garmin часовници - Garmin часовник - малолетно лице А.Д. реден број 6939
- Garmin часовник - Зулфие Р. реден број 3174
- Garmin часовник - Мирослав С. реден број 2295
- Garmin часовник - малолетно лице А.С. реден број 1851
- Garmin часовник - Александар С. реден број 353
- Garmin часовник - малолетно лице Ј.М. реден број 769
- Garmin часовник - Горан Ч. реден број 1323
7+7 Аirpods и JBL слушалки - Слушалки - Ивана М. реден број 2511
- Слушалки - малолетно лице И.П. реден број 2692
- Слушалки - Зоран Ј. реден број 7308
- Слушалки - Јанаки Н. реден број 4735
- Слушалки - малолетно лице М.Н. реден број 7940
- Слушалки - Панче Д. реден број 3749
- Слушалки - малолетно лице С.М. реден број 7613
- Слушалки - Димче М. реден број 7125
- Слушалки - Весна П. реден број 2943
- Слушалки - малолетно лице Х.М. реден број 2689
- Слушалки - малолетно лице Е.Р. реден број 7976
- Слушалки - Милан И. реден број 6262
- Слушалки - малолетно лице М.Л. реден број 3113
- Слушалки - Беса Р. реден број 5535
7 велосидепски кациги - Велосипедска кацига - малолетно лице Ф.Ц. реден број 3308
- Велосипедска кацига - Магдалена М.Т. реден број 637
- Велосипедска кацига - Билјана П. реден број 3578
- Велосипедска кацига - Емилија З.Г. реден број 4782
- Велосипедска кацига - малолетно лице Д.К. реден број 6884
- Велосипедска кацига - Фросина Ф. реден број 993
- Велосипедска кацига - Катерина М.Р. реден број 3146
7 спортски ранци - Спортски ранец - Ирена Т. реден број 2271
- Спортски ранец - Иван С. реден број 1808
- Спортски ранец - Драган Т. реден број 3430
- Спортски ранец - малолетно лице М.Ѓ. реден број 5990
- Спортски ранец - малолетно лице И.Б. реден број 2569
- Спортски ранец - Соња Д. реден број 7998
- Спортски ранец - Цвета Ч. Н. реден број 369
Добитниците кои не се пријавија додека беа повикувани, или чии претставници сакаа да ги подигнат наградите во нивно име не се запишуваа односно, нивното извлекување беше поништено и извлечени беа заменски добитници.
Честитки на учесниците и добитниците.