

Маркетинг и ООП
Вози право, вози здраво vol. 6
Вози право, вози здраво vol. 6
#ВПВЗ
6та ревијална трка “Вози право, вози здраво“ УСПЕШНО ЗАВРШИ
Повторно го преплавивме градот со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и насмеани лица!
Ги повикавме сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот слободно да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебешки колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот се одржа на 5 јуни, недела со СТАРТ од 18 часот од Порта Македонија и забава и лотарија на целта во Градскиот парк.
Подигнување на редни броеви
Редните броеви од регистрацијата се подигаа од нашата i-bank store филијала од 10 - 18ч среда 1 јуни до петок 3 јуни како и во сабота, 4 јуни, од 12 до 20 часот.
НАПОМЕНА:
Подигнување на редни броеви пред стартот не беше овозможено.
На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката учествуваа во вредната лотарија и се освежија со пијалок, сладолед или грицки.
За доброто расположение на присутните се погрижија Kraft продукција, ConTruDJ, како и водителите Марко и Цеце.
Лотарија
За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата имаше и вредна лотарија која овојпат вклучуваше:
- 10 SPECIALIZED велосипеди
- 10 Apple Watch
- 20 JBL Clip 4 + торби за велосипед
Банката обезбеди и ваучери за сладолед, пијалок, грицки, вода со што го освеживме пристигнувањето на целта и можевме да уживаме во добрата забава.
Совети и Препораки
Како и досега, нашите препораки за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
- внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор
- дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката
- не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите на целта нема да бидат посебно наградени
- бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник
- внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
- очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење
- Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено внимание ќе биде посветено на хигиената и за време на одржувањето на настанот како и по завршувањето на истиот.
НАПОМЕНА!
Банката информира дека работи согласно законската регулатива за заштита на лични податоци и дека личните податоци во процесот на регистрација се собираат и обработуваат само за потребите на целосна реализација на ревијалната трка и по нејзино завршување истите ќе бидат избришани и уништени согласно регулативата. Настанот ќе биде сниман и фотографиран со цел промоција на истиот во медиумите. Видеото и фотографиите ќе бидат објавени на Facebook страницата на Стопанска банка.
Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за исплата на персонален данок.
Со поднесување на формата за регистрација, потврдувате дека сте лично одговорни за своите активности и постапки за време на ревијалната трка и дека ќе се грижите за себе и за својот личен имот. Банката не превзема одговорност за однесувањето и постапките на учесниците како и евентуалните повреди или оштетувања на учесниците или нивниот личен имот за време на ревијалната трка и настанот.
Впечатоци од претходните изданија на #ВозиПравоВозиЗдраво
Видеа
Фотографии
СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАРТОТ!
Добитници од лотаријата на ВПВЗ 6
На сцената од лотаријата извлечени беа 41 вредна награда и им честитаме на овогодинешните добитници!:
- Вредносен ваучер од Град Скопје 4202 Оља Тошева
- SPECIALIZED велосипед 7081 Зорица Ставрова
- SPECIALIZED велосипед 2138 Жарко Анѓелковски
- SPECIALIZED велосипед 173 Оливер Ристиќ
- SPECIALIZED велосипед 1793 Велика Атанасова
- SPECIALIZED велосипед 7014 Јана Николовска
- SPECIALIZED велосипед 2511 Марина Маленко Дамјанова
- SPECIALIZED велосипед 4918 Илија Станишев
- SPECIALIZED велосипед 4793 Даниела Наумоска
- SPECIALIZED велосипед 4818 Матеј Павловски
- SPECIALIZED велосипед 1545 Билјана Јосифоска
- APPLE watch 5947 Катерина Стефаноска
- APPLE watch 7439 Ристо Алексовски
- APPLE watch 1446 Бранко Стевковски
- APPLE watch 5568 Димче Димовски
- APPLE watch 3083 Стефан Станковиќ
- APPLE watch 6076 Мила Антова
- APPLE watch 5850 Есат Реџепи
- APPLE watch 6431 Даниела Каракулева
- APPLE watch 3540 Христијан Шекеров
- APPLE watch 5196 Симон Бакаловски
- JBL + торба 5644 Мартина Богатинов
- JBL + торба 5168 Предраг Стојкоски
- JBL + торба 1952 Мазес Мемед
- JBL + торба 6242 Елена Ангелова Китановска
- JBL + торба 7624 Лукас Милонас
- JBL + торба 1396 Марјан Мартиновски
- JBL + торба 1340 Филип Ивановски
- JBL + торба 418 Михаела Алексовска
- JBL + торба 2683 Лука Бурмузоски
- JBL + торба 2595 Кристина Тасевска
- JBL + торба 3330 Снежана Враговска
- JBL + торба 6584 Ели Лукановска
- JBL + торба 1918 Амра Еминовска
- JBL + торба 2607 Никола Котев Стоименов
- JBL + торба 2546 Сара Таневска
- JBL + торба 5939 Горан Илиевски
- JBL + торба 6410 Ива Цветановска
- JBL + торба 757 Маја Трпчевска
- JBL + торба 7369 Анастаси Србиновска
- JBL + торба 6543 Анастасија Јакчулева
Фотографии и видео од ВПВЗ vol. 6
На Facebook страницата на Банката објавен е фото албумот од овогодинешното, шесто издание на „Вози право, вози здраво“
Видеото од настанот е во изработка.