Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
Употреба
Плаќање во трговската мрежа без провизија
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита со 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања
Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари
Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на ПОС терминали во износ од 300.000 денари
Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на интернет во износ од 300.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство
Дневен кумулативен лимит за бесконтактни плаќања без внес на пин код е 8.000 денари (во земјата и странство). По надминување на овој лимит трансакцијата да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката
Можност за поставување и управување со трансакциски лимити и блокирање/деблокирање на платежни картички преку e-banking/m-banking на Стопанска банка или преку 24/7 контакт центарот на 02/3100-109
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Каматни стапки
0% фиксна годишна каматна стапка
Членарина
1.980 денари членарина - се задолжува со издавањето на картичката
Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Трошокот од 90 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Провизии и други надоместоци
За подигање на готовина од банкоматите на СБ денарската сметка се задолжува со провизија од 2% + 100 МКД од подигнатиот износ
За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 5% од износот на трансакцијата но не помалку од 100 МКД
За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и странство денарската сметка се задолжува со провизија од 100 МКД + 3% од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД
Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150 МКД
За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000 МКД
Кредитни критериуми
Физички лица државјани на Република Северна Македонија
Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
Минимални примања од 8.100 денари
Документи
Лично пополнета и потпишано барање за Visa Zero кредитна картичка
Важечка лична карта
За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
извод од трансакциска сметка од последните 3 месеци
За клиенти што не примаат плата/пензија
Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.