Меѓународна бесконтактна кредитна картичка поврзана со денарска сметка
Ко-брендирана со Веро супермаркет со што се добива поврат - Кешбек на трансакциите во форма на вредносен ваучер во рамки на редовниот месечен преглед. Кешбек износот е во висина од:
3,5% од износот потрошен во Веро
0,5% од износот од останатите трансакции кај други трговци
Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита со 3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања
Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари
Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на ПОС терминали во износ од 300.000 денари
Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на интернет во износ од 300.000 денари
Дневен трансакциски лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство
Дневен кумулативен износ на бесконтактни трансакции без внес на пин до 9.000 МКД (150 ЕУР) (доколку бесконтактните трансакции се извршуваат со физичка картичка). По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. Исклучок од правилото се трансакциите на патарини каде што посочените лимити не важат.
Дневен кумулативен износ на трансакции со Google Pay до 20.000 МКД (350 ЕУР) и важи само за трансакциите направени во странство. По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. За трансакциите направени во Македонија не се поставени дневни трансакциски лимити за плаќања со Google Pay.
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Каматни стапки
11,60% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
12,89% променлива за други клиенти.
0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
Каматата се пресметува само на искористениот износ
Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот
Членарина
Бесплатна за првата година
0 денари членарина
со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од1500 денаригодишна членарина
Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
За подигање на готовина од банкоматите на СБ денарската сметка се задолжува со провизија од 2% + 100 МКД од подигнатиот износ
За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 5% но не помалку од 100 МКД од износот на трансакцијата
За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија и странство денарската сметка се задолжува со провизија од 3% + 100 МКД од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 300 МКД
Кредитни критериуми
Физички лица државјани на Република Северна Македонија
Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
Минимални примања од 8.100 денари
Потребни документи
Лично пополнета и потпишано барање за Visa Vero кредитна картичка
Важечка лична карта
За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
извод од трансакциска сметка од последните 6 месеци
За клиенти што не примаат плата/пензија
Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.