|
Стопанска банка АД Скопје како членка на НБГ групацијата, е водечка компанија, која постојано расте и го освојува пазарот во РМ. Во последните неколку години банката континуирано нуди можности за вработување/студентска пракса на млади, амбициозни личности кои посакуваат кариера, знаење, искуство, професионален развој.
Ако сте Вие една од нив и сакате тимска работа, пријатна работна атмосфера, натпреварувачки дух, можности за развој, напредок во кариерата и животот и мислите дека може да одговорите на предизвикот, ние со задоволство ке го разгледаме Вашето барање *.
Студентска пракса
Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во нашата компанија, Ве молиме испратете кратка биографија и придружно писмо, на англиски јазик, со назнака "студентска пракса" на следнaта e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk
Вработување
Ако сакате да станете дел од тимот на Стопанска банка АД Скопје, Ве молиме испратете кратка биографија и придружно писмо, на makedonski i англиски јазик, со назнака "вработување" на следната e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk.
Сите заинтересирани кои ќе аплицираат Ве молиме да ја пополнат изјавата за лични податоци подолу доколу сакаат нивните биографии да се чуваат во збирка на лични податоци во Секторот за кадри, во спротивно истите ќе бидат избришани/уништени, согласно со законските и подзаконските акти за заштита на лични податоци.
» Изјава за лични податоци
* Контактирани и повикани на разговор ќе бидат само оние кандидати кои ке влезат во потесниот избор.
|