Користењето на e-banking сервисот е максимално заштитено од неовластен пристап, бидејќи како заштита се користат современи методи на шифрирање и дигитален сертификат.
За пристап кон e-banking сервисот добивате корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително ја менувате.
За сервисот за вршење плаќања задолжително добивате дигитален сертификат за потпишување на налозите.
Сите податоци кои се разменуваат се криптирани и се достапни само на оној за кого се однесуваат.
Е-banking сервисот на Стопанска банка е развиен во Банката при што не се користат услуги на трети лица со што дополнително се гарантира безбедноста на корисниците.
|