« www.stb.com.mk  

На почеток
 
Можности
Поднесување барање
Предности
Сигурност и безбедност
Корисници
Технички барања
SMS сервис
Термински план, трошоци
     и провизии
Поддршка
Упатство
Download
Демо корисник
 
Влез

 


 ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ

Со e-banking сервисот на Стопанска банка имате можност да аплицирате за:

•  e-banking плаќања физички лица»
   Правните лица барање за е-banking плаќања задолжително поднесуваат во филијалите на Банката.

•  кредитни производи за население »

•  кредитни производи за правни лица »


E-BANKING ПЛАЌАЊА

Поднесете барање на http://www.stb.com.mk/ebank, aко сте физичко лице и имате денарска тековна трансакциска сметка во СБ, а сакате да го користите сервисот за плаќања, за што ви е потребен Вашиот ИД-број доделен од СБ и ЕМБГ.
За издадениот дигитален сертификат, од вашата тековна трансакциска сметка ќе биде наплатен надоместок од 50,00 денари.

На шалтерите на Банката поднесете барање во било која експозитура само со презентација на документ за лична идентификација (лична карта, картичка на потписник или доносител).

Од шалтерскиот работник ќе добиете Пријава и Договор пополнети со податоци за Вашите сметки. Вие треба само да пополните кои типови на сервиси сакате да ги користите.


КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ

Поднесувањето барање е лесно, брзо и едноставно. Поднесете барање ВЕДНАШ, без да доаѓате на шалтерите на Банката.

Ве молиме следете ги инструкциите.

•  Доколку сте веќе корисник на e-banking сервисот на Стопанска банка, едноставно најавете се со Вашето корисничко име и лозинка. Поднесете барање веднаш!

•  Доколку сте Трговец со кој Стопанска банка има склучено договор за соработка, едноставно најавете се со Вашето корисничко име и лозинка. Поднесете барање веднаш!

•  Доколку сте физичко лице а не сте регистриран корисник на e-banking сервисот на Стопанска банка, имате нова можност за аплицирање за кредитни производи преку Интернет. Поднесете барање веднаш!

По поднесување на барањето ве молиме:

•  доставете ги потребните документи на кој било шалтер на Стопанска банка или

•  пратете ги по пошта на следната адреса: Стопанска банка АД – Скопје, 11 Октомври бр. 7 Скопје, „Дирекција за кредитирање на население“.


КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

Доколку сте сопственик или управител на деловен субјект и ви е потребен кредит за унапредување на бизнисот, пополнете апликација за Микро Бизнис Кредит.

Нашите кредитни службеници ќе ве контактираат за да ве известат за потребната документација и ќе ве посетат во вашите деловни простории.