Во
декември 2004. година СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ ќе
прослави шеесет години од своето работење. СТОПАНСКА
БАНКА АД-СКОПЈЕ е најстарата и по многу критериуми
најголема банка во Република Македонија, основана
со Решение на Второто вонредно заседание на АСНОМ
на 29 декември 1944 година под име МАКЕДОНСКА СТОПАНСКА
БАНКА.
Почнувајќи од далечнаТА 1944. година, во услови на опустошена, воено разорена и аграрно заостаната земја, МАКЕДОНСКА СТОПАНСКА БАНКА израсна во модерна банка од универзален тип. Во изминатите неколку децении СТОПАНСКА БАНКА даде крупен придонес во економскиот развој и банкарството во земјата. Речиси секој изграден капацитет, реконструкцијата и модернизацијата во земјата беа поддржани со кредитни средства од СТОПАНСКА БАНКА. Затоа, СТОПАНСКА БАНКА е насекаде препознатлива - во фабричките хали, станбените и административните згради, на полињата каде се класи житото и раѓа лебот, на полињата каде се одгледува тутунот, на лозовите насади, во винарските визби, овоштарниците, оранжериите, преработувачките капацитети низ кои се финализираат плодовите на ова питомо и благородно поднебје. Од СТОПАНСКА БАНКА израснаа повеќе деловни банки, а кадарот дава придонес во целото банкарство во земјата.
Во шестдецениското опстојување СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ минуваше низ многу реформи и транзиции и секогаш го јакнеше угледот и довербата во земјата и светот.
Денес, СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ функционира како акционерско друштво со кое управуваат акционерите на банката.
На почетокот на новиот милениум СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ целосно е приватизирана со инвестирање на реномирани странски стратешки инвеститори и тоа: Националната банка на Грција (НБГ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Со реализацијата на Проектот за приватизација, кој значи нова фаза во развојот, СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ го задржа своето име, правниот идентитет и континуитет во банкарските активности, а со новата реорганизација и преструктурирање ќе се трансформира во современа банка која ќе одговори на новите предизвици и барања на пазарната економија и регионалната соработка пошироко.
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ била и ќе остане носител на прогресивните движења во економскиот сектор и во банкарството.