Насловна        
 
   
   
   
 
   Коресподентни
 банки


NBG групација

 

 
Производи и услуги за правни лица
 
  ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА

Соопштение (27.12.2007)

» Новини во делот за исплата на плати, хонорари и други надоместоци на физички лица

СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ во својата широка лепеза на производи и услуги нуди отворање и водење на Вашите сметки за обавување на сите денарски трансакции во домашниот платен промет.
Со отворањето на сметка во СТОПАНСКА БАНКА одбирате банка која Ви овозможува целокупна и квалитетна услуга во платниот промет, каде сите платни трансакции се извршуваат на брз, сигурен и ефикасен начин.
СТОПАНСКА БАНКА е носител на платниот промет во земјата и како дел од платниот систем на Република Македонија, овозможува плаќањата на клиентите да се реализираат преку:

· Интерниот платен промет (плаќања меѓу учесници во системот на СБ). Плаќањата во овој систем се извршни во моментот на поднесување на платниот налог. Корисникот на средствата може да располага со тие средства веднаш.


·
Екстерниот, или т.н. меѓубанкарски платен промет (плаќања помеѓу учесници кои припаѓаат на две банки) кој се извршува преку два системи на порамнување и тоа:

- Системот за порамнување на Централната банка, т.н. МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем), кој работи по бруто принцип во реално време. Во овој систем се реализираат плаќања над 1.000.000,00 денари или плаќања под тој износ со третман на итни плаќања и средствата веднаш се процесираат кон корисникот

- Системот за порамнување на Клириншка куќа, т.н. КИБС (Клириншки Интербанкарски Систем). Овие плаќања се извршни на крајот на пресметковниот циклус (на крај на денот ). Во овој систем на плаќања се реализираат налози на износи до 1.000.000,00 денари.

» Предности кои ги нуди Стопанска банка
» Отворање на сметка
» Трансакциски сметки на физички лица
» Платни инструменти
» Начин на работа со сметката за вршење на денарски платен промет
» Рекламации
» Измени и укинување на сметката
» Термински план
» Тарифа на надоместоци

 
 2004 - 2006 © СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ