|
ОТВОРАЊЕ НА СМЕТКИ НА ДOMAШНИ ПРАВНИ ЛИЦА ВО ДЕВИЗИ
Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје. (мрежа од филијали / експозитури 56) со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија.
За отворање на сметки во девизи кoмитентот е потребно да ги достави следниве документи:
- извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Македонија , не постар од шест месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матич!ниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копие заверено кај нотар,
- ЗП образец, оригинал,
- Оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.
Документите можат да се доставуваат во сите филијали на Стопанска банка АД Скопје.
Во Скопје документи за отворање на сметка на домашно правно лице се доставуваат на следнава адреса:
Експозитура Анекс ул . "11 Октомври ", бр .7.
Лица за контакт : Зоран Кипровски, Снежана Станковска
Тел.: 3295-316, 3295-178
Email: aneks@stb.com.mk или snezana.stankovska@stb.com.mk
Трансфер на средства
Доставување на налози за трансфер на средства и распоред на прилив може да се врши во било која филијала на Стопанска банка без оглед на тоа каде е отворена сметката.
За налози доставени до 12 часот, трансферот на средствата се извршува истиот ден.
On-line системот овозможува трансферот на средствата во корист на нерезиденти комитенти на СБ да се извршува во моментот на пристигнувањето на налогот од комитентот.
Во филијала Скопје налог за трансфер во девизи од домашно правно лице може да се достави во следниве експозитури:
Г Т Ц - ул . "11 Октомври", бр .7
Kонтакт лица: Катерина Ивановиќ и Велковска Мирјана
Tел. за контакт: (02) 3295-435, (02) 3295-433,
E-mail: gtc@stb.com.mk, katerina.ivanovic@stb.com.mk и mirjana.velkovska@stb.com.mk
Веро – ул . "Т . Гологанов", бр . 76
Контакт лица: Трендафилова Ливанта и Иринка Вучиновска
Тел . за контакт: (02) 3074-978 ,
E-mail: livanta.trendafilova@stb.com.mk
Кисела Вода – ул . "Сава Ковачевиќ", бр .14 зграда 1 влез 1
Контакт лице: Славица Стефановиќ
Тел. за контакт: (02)2770-355
E-mail: sslavica@stb.com.mk
Јане Сандански - Бул. "Јане Сандански", бр . 24
Kонтакт лице: Ќосева Соња и Трпеновска Ленче
Тел. за контакт: (02) 3166-575
E-mail: lence.trpenovska@stb.com.mk
Автокоманда - ул. "Јани Лукровски" бр.5
Kонтакт лице: Донева Пера
Тел. за контакт: (02) 3166-575
E-mail: ekspozituraavtokomanda@stb.com.mk
За филијалите во останатите градови во Македонија контакт лице е директорот на филијалата.
ПРОЦЕДУРА ЗА ОТВOРАЊЕ НА НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ
НА ПРАВНИ ЛИЦА ВО ДЕВИЗИ
(фирми, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации и др.)
Сите странски правни лица во Република Македонија можат да отворат сметка во сите филијaли на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ.
Сметката на странско правно лице во филијала Скопје може да се отвори на следнава адреса:
Експозитура Г Т Ц приземје, ул. "11 Октомври" бр. 7.
Потребни документи за отворање на сметка за нерезидент правно лице се следниве:
- Писмено барање за отворање на сметката потпишано од– законскиот застапник на правното лице, оригинал,
- извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши, оригинал или копие заверено кај нотар,
- Доказ за доделен даночен број, а ако нема изјава дека не е доделен,
- За лицата овластени за работа со сметките-лична исправа и оригинал од писмено овластување потпишано од законскиот застапник.
- За дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација-документ издаден од Министерството за надворешни работи на Република Македонија како и полномошно на одговорното лице на претставништвото, оригинал или копија заверена кај нотар
НАПОМЕНА:
Комитентите се должни да достават ажурни документи најдоцна во рок од 2 години од датумот на нивното последно ажурирање.
Kонтакт лица за Филијала Скопје
Вера Дуковска , Весна Алексовска и Анета Велковска
тел . (02) 3295-140
факс : (02) 3295-141
e-mail: gtc@stb.com.mk
АЖУРИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Согласно Одлука за начинот и условите за отварање и водење на сметки на нерезиденти , Банката има обврска најмалку еднаш на 2 години да изврши ажурирање на документацијата за идентификација на нерезидентите правни лица.
Комитентите кои немаат доставено во СБ ажурна документација потребно е во најкус рок да достават извод од трговскиот регистер (оригинал или заверен на нотар), не постар од шест месеци, од кој може да се види датумот на основање на фирмата, називот, адресата, седиштето, дејноста и даночниот број.
Во случај ако комитентот не ги достави горе наведените документи, СБ, согласно законската регулатива, има обврска да ја затвори сметката на нерезидентот во рок од шест месеци, односно до 10.10.2007. Евентуалното затечено сладо ќе биде трансферирано на сметка, согласно инструкциите на комитентот.
Неактивни сметки.
Со Одлуката е утврдено дека сметките на кои нема промет најмалку една година, се третираат како неактивни и Банката има обврска истите да ги затвори. Евентуалното затечено салдо ќе биде трансферирано на сметка, согласно инструкциите на комитентот.
|