Насловна        
 
   
   
   
 
   Коресподентни
 банки


NBG групација

 

 
Производи и услуги за правни лица
 
  ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ


Државните хартии од вредност ги издава Министерството за Финансии на Република Македонија и се со рок на доспевање од 3, 6, 12 месеци, 2 и 3 години.

Државните записи се краткорочни хартии од вредност со рок на доспевање до 12 месеци, додека Државните Обврзници се долгорочни хартии од вредност со рок на доспевање од 2 и 3 години. Минималниот износ за поединечно барање изнесува 10.000 денари. Секое зголемување над минималниот износ се врши со додавање на заокружени износи од 10.000 денари.

Барањата од клиентите на Стопанска банка АД-Скопје се прибираат на пропишани обрасци и се базираат на договор, склучен помеѓу Стопанска банка АД-Скопје и клиентот.

Тргувањето на секундарниот пазар со државните хартии од вредност може да се врши во рамки на институционализираните пазари согласно нивните правила, и надвор од институционализираните пазари (тргување преку шалтер), согласно пропишани правила од страна на НБРМ и Министерството за финансии на Република Македонија.

Стопанска Банка АД Скопје одобрува пресметка и наплата на провизија на државните хартии од вредност за сите рочности во износ од 0,11% од номиналната вредност, но не помалку од 400,00 МКД.

За одбиените понуди на индиректните учесници на аукциите на државни хартии од вредност се наплатува провизија од 250,00 МКД.

Контакт телефон за купување на државни хартии од вредност: 02 3295 107

Обрасци за државни записи:
» Барање за купување на државни записи
» Овластување за блокирање и задолжување на сметка

Обрасци за државни обврзници:
» Барање за купување државни обврзници
» Овластување за блокирање и задолжување на сметка

* За да можете да ги отворите обрасците, потребно е да имате инсталирано Adobe® Acrobat® Reader™, додаток од Adobe Systems, Inc. Доколку го немате овој додаток, кликнете на логото што следи и следете ги инструкциите на страната што ќе ви се отвори.

 
 2004 - 2006 © СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ