|
Депозит по видување
Депозитот по видување се карактеризира со следните
услови:
-неограничен износ на депонирање
-нема рок на орочување на средствата
-клиентот неограничено располага
со средствата
Регуларен орочен депозит
Регуларниот орочен депозит претставува денарски орочен
депозит со период на орочување од 1 месец до 36 месеци,
или повеќе.
Овој депозит се карактеризира со следните услови:
-најтранспарентно одредување на
каматните стапки согласно пазарните движења
-каматата се исплатува на денот
на доспевање на депозитот
-каматната стапка на овој тип на
депозит се утврдува (и менува) согласно важечките
акти на Стопанска банка АД-Скопје, односно Одлуката за каматни стапки на Стопанска банка АД - Скопје,
и е различна во зависност од периодот на орочувањето
и депонираниот износ;
-Орочување на средствата може да се
врши на 1,2,3,6,12,24 и 36 месеци, или по договор,
во следните распони:
•
до 1.000.000,00 денари
•
од 1.000.000,50 - 5.000.000,00 денари
•
од 5.000.000,50 - 10.000.000,00 денари
•
над 10.000.000,50 денари.
Орочен депозит со месечна исплата на каматата
Орочениот депозит со месечна исплата на каматата
е денарски орочен депозит со период на орочување
од 1 месец до 36 месеци.
Главна карактеристика на овој депозит е месечна исплата
на каматата, без разлика на должината на периодот
на орочување.
Орочен депозит со фиксна каматна стапка
Овој депозит се карактеризира со следните услови:
-периодот на орочување на средствата
може да изнесува од 1 ден до 3 месеци,
-висината на каматната стапка не
се менува за времетраење на периодот на орочување.
Контакт телефон: 02 3295 217
» Погледни каматни стапки
|