|
ПРОЦЕДУРА ЗА ОТВАРАЊЕ НА НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ
НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Сите физички лица кои престојуваат во Република Македонија
можат да отворат сметка на сите шалтери, во сите филијали
на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ (мрежа од 25 филијали и
54 експозитури) со кои се покриени речиси сите градови
низ Македонија.
Процедурата не може да биде поедноставна - сметката
се отвара веднаш, во присуство на физичкото лице со презентација на следниве документи:
· Фотокопија од документ
за идентификација (странски пасош, или пасош издаден
во РМ, со виза за престој во странство, или работна
виза повеќе од 6 месеци).
· Почетен влог од 5 EUR, или
противвредност во друга валута.
Со сметката може да управува лицето кое ја отворило
сметката, или од него овластено лице кое има депонирано
свој потпис.
· Стопанска банка овозможува
трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари.
· On-line системот овозможува
трансферот на средства во корист на комитенти на СБ .
(резиденти и нерезиденти) да се извршува во моментот
на пристигнувањето на налогот од нерезидентот.
· Трансфер на средства без
никакви ограничувања.
· Уплати и исплати во ефектива
согласно законските прописи во земјата.
Kонтакт лица за Филијала Скопје
Оливера Ангеловска
тел:(02) 3295-552 факс:(02)3114-503
e-mail : aolivera@stb.com.mk
|