Насловна        
 
   
   
   
 
   Коресподентни
 банки


NBG групација

 

 
Производи и услуги за население
 
  ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО





» Што е е-Банк сервис?

» Кои предности ги нуди е-Банк сервисот?
» Колку е сигурен е-Банк сервисот?
» Кој може да биде корисник на е-Банк сервисот?
» Како се станува корисник на е-Банк сервисот?
» Кои технички карактеристики се потребни на Вашиот компјутер?
» Контакт

-------------------------------------------------------

· Што е е-Банк сервис?

Е-Банк сервис е користење на банкарски услуги преку Интернет.
СБ изготви сопствено програмско решение, преку WEB апликација (on-line) без посредство на трета страна. Преку WEB апликацијата, СБ Ви овозможува на брз и безбеден начин, по електронски пат, без доаѓање на шалтерите на СБ и без временско ограничувње, на едноставен начин да ги извршите следните банкарски услуги:

За правни лица:

  • Следење на тековна состојба на сите денарски и девизни сметки
  • Следење на дневни трансакции на сите денарски и девизни сметки
  • Преземање на изводи за сите денарски и девизни сметки
  • Вршење на плаќања од денарските сметки за редовно работење за правни лица, во согласност со Терминскиот план на СБ

 

За физички лица:

  • Следење на тековна состојба на сите денарски и девизни сметки
  • Следење на дневни трансакции на сите денарски и девизни сметки
  • Преземање на изводи за сите денарски и девизни сметки
  • Вршење на плаќања од денарските тековни трансакциски сметки за физички лица , во согласност со Терминскиот план на СБ
  • Увид во бројот на нереализирани чекови за физички лица
  • Информација за датумот на истекување на дозволеното пречекорување на денарската тековна трансакциска сметка за физички лица



· Кои предности ги нуди е-Банк сервисот?

•  Заштедувате од Вашето скапоцено време
•  Имате пристап до Вашите сметки од своето работно место, дом, хотел, мобилен телефон, односно од било кое место каде што имате пристап до Интернет
•  Вршите плаќања од Вашето работно место или дом
•  Извршувате трансакции во реално време
•  Можност за поврзување со финансиско - сметководствени програми
•  Поуспешно управување со Вашите средства
•  Навремена информација за сите нови производи и услуги кои СБ ги воведува


· Колку е сигурен е-Банк сервисот?

Е-Банк сервисот максимално е заштитен од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат.
Секој корисник, за пристап кон е-Банк сервисот, ќе добие корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени.
За користење на услугите на е-Банк сервисот, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.
Само за услугата вршење плаќања, корисникот задолжително треба да добие дигитален СБ сертификат за потпишување на трансакциите. Медиумот на кој се издава сертификатот е CD за физичко лице, а USB-token или Smart card за правно лице.
Сите податоци кои се разменуваат се криптирани, и се достапни само на оној за кого се однесуваат.



· Кој може да биде корисник на е-Банк сервисот?

Како корисници на е-Банк сервисот можат да се вклучат:

  • Сите правни лица кои имаат отворено денарски и девизни сметки во СБ . Одредени услуги на е-Банк сервисот како на пример:
    -  внесување на налози,
    -  потпишување на налози и
    -  испраќање на налози
    ги користат лица кои законскиот застапник на правното лице ги овластил за работа во согласност со избраните типови на сервиси во Пријавата.

    Правните лица, услугата за вршење плаќања преку WEB можат да ја користат само за денарските сметки за редовно работење.
  • Сите физички лица кои имаат отворено денарски и девизни сметки во СБ.
    Одредени услуги на е-Банк сервисот ги користат и лица кои сопственикот на сметката ги овластил за работа со сметките.
    Физичките лица, услугата за вршење плаќања можат да ја користат само за тековните денарски трансакциски сметки, кои во согласност со Законот за платен промет, се пријавени во Единствениот Регистар на Иматели на Сметки (ЕРИС)



· Како се станува корисник на е-Банк сервисот?

За да станете корисник на е - Банк сервисот потребно е:

  • да имате отворено денарска или девизна сметка во СБ
  • да пополните и потпишете Пријава за користење на услугите на е-Банк сервисот
  • да потпишете Договор за користење на услугите на е-Банк сервисот

На било кој шалтер на СБ, ги добивате Пријавата и Договорот пополнети со сите основни податоци за Вас и сите Ваши сметки. Ги пополнувате само оние податоци кои се однесуваат за тоа кои типови на сервиси и за кои сметки сакате да ги користите.

Регистрирањето на физичко лице како корисник на е-Банк сервисот се врши на било кој шалтер на СБ, само со презентација на документ за лична идентификација (лична карта). За корисниците кои сакаат да го користат сервисот за вршење плаќања , регистрацијата се врши на специјализиран шалтер во филијалите (за Скопје - само во експозитура Младина), а во останатите филијали на сите шалтерски места.

Регистрирањето на правно лице како корисник на е-Банк сервисот, се врши со презентација на картичка за идентификација - картичка на потписник или доносител и лична карта. Регистрацијата се врши на специјализиран шалтер во филијалите (за Скопје - само во експозитура Анекс), а во останатите филијали на сите шалтерски места. (» Мрежа на филијали)



· Кои технички карактеристики се потребни на Вашиот компјутер?

Препорачано:

  • Оперативен систем: Windows 2000
  • Internet Explorer 6.00
  • Пристап кон интернет од 33.600 Kbps или повеќе, ISDN или постојана врска
  • Модем: 56K, или ISDN

Забелешка:

Услугите на е-Банк сервисот ќе можете да ги користите доколку на Вашиот компјутер имате инсталирано Оперативен систем Windows 98 и Internet Explorer 6.00.


·
Контакт телефон: (02) 3216 970

· Контакт email адреси

Информации: einfo@stb.com.mk
Рекламации:
ihelp@stb.com.mk

 
 2004 - 2006 © СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ