Насловна        
 
   
   
   
 
   Коресподентни
 банки


NBG групација

 

 
  БРОКЕРСКИ УСЛУГИ


- Остварете поголем принос од вишокот Ваши средства!

- Бидете поактивни на пазарот на капитал!

- Барате едноставни, брзи и доверливи услуги за хартии од вредност?


Дирекција за работи со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги на
СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје

1. УСЛУГИ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

1. Примање и извршување на налози за купување и продажба на акции и обврзници, во име и за сметка на клиентот (Берзанско посредување)

2. Underwriting, организирање и подготовка на нова емисија на хартии од вредност

3. Дејствување како покровител на котација

4. Давање на совети при купување и / или продавање на хартии од вредност (инвестиционо советување)

5. Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на АД

2. ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ?

• Релативно ниски каматни стапки на банкарски депозити,

• Основниот финансиски принцип на диверсификација на ризикот со инвестирање на вашите средства во поголем избор од инвестиции, коишто заедно со банкарските депозити со ниски приноси, пришто остварените приноси се потенцијално значително повисоки.

3. ЗОШТО ДА ИМ СЕ ВЕРУВА НА НАШИТЕ БРОКЕРИ?

1. Искуство

2. Едноставност при работата со Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско - посреднички услуги на СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје
Штом договорот за соработка е потпишан, клиентите можат да дадат налози за продавање и купување на нивните брокери.

3. Личен брокер
Вашиот личен брокер редовно ќе Ве информира за движењата на пазарот и ќе Ве советува за изборот на инвестициите како и за извршувањето на сите трансакции.

4. Широк пристап
Индивидуалните клиенти можат да доставуваат налози за тргување во Филијалите на банката на целата територија на РМ.

5. Ажурирани информации
За време на работното време од 8 до 16 часот, телефонски можат да се добијат информации за тековните цени на хартии од вредност и статусот на Вашето портфолио.
4. РЕДОВНО ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА СИТЕ ТРАНСАКЦИИ Клиентите можат да добијат промптна потврда за трансакциите преку телефон. Ние издаваме писмени извештаи за клиентите за реализираните трансакции. Клиентите можат да побараат информации за тековното салдо на нивните сметки на хартии од вредност во секое време.
5. ЗОШТО ДА СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР? Со потпишување на договорот за соработка, клиентите ги регулираат сите формалности потребни пред почетокот на тргувањето со хартии од вредност. Истовремено, договорот не ги обврзува клиентите да тргуваат. Од потпишувањето на договорот, клиентите можат да доставуваат налози за тргување едноставно кај нивниот брокер.
6. КОИ ДОКУМЕНТИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ?

Доколку се работи за физичко лице : важечка лична исправа и денарска сметка ( штедна сметка или штедна / тековна трансакциска сметка во една од банките во РМ во случај на продажба ).

Доколку се работи за правно лице :
Копија од личната исправа на одговорното лице на друштвото, судската регистрација и изводот од Заводот за статистика, и денарска сметка на друштвото во една од банките во РМ. Исто така, правното лице треба да достави Одлука од Органот на управување на друштвото за продажба на хв.

7. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ?

Контактирајте не на:
Тел: (02) 3295-407; 3295-406; 3295-405
Факс: (02) 3295-551
e-mail: broker@stb.com.mk

 

 
Влез во Електронско Банкарство
 2004 - 2006 © СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ