Насловна        
 
   
   
   
 
   Коресподентни
 банки


NBG групација

 

 
  БАНКА СО ТРАДИЦИЈА - БАНКА НА ИДНИНАТА

Основана со Решение на Второто вонредно заседание на АСНОМ на 29.12.1944 година, Стопанска банка беше една од првите финансиски институции на новосоздадената држава и даде извонреден придонес во обновата на земјата и нејзината трансформација во современа индустриска економија.

Стопанска банка беше непосредно вклучена во проектите за изградба, обнова и модернизација на земјата, во развојот на инфраструктурата, енергетскиот комплекс, хидросистемите за наводнување, урбанизацијата и станбената изградба.

Банката се трансформираше во акционерско друштво на Основачкото собрание на акционерите на 29.12.1989 година кога се воведоа пазарни критериуми и современи банкарски принципи и стандарди во работењето на Банката.

На почетокот на новиот милениум, во април 2000- та година, започна новата ера во Стопанска банка АД - Скопје. Банката беше целосно приватизирана со учество на реномирани странски инвеститори.

Со новите докапитализации учеството на најголемите акционери во управувачкиот акционерски капитал на Стопанска банка АД - Скопје е следното:

Национална банка на Грција ( NBG ) -73.04%

Меѓународна финансиска корпорација ( IFC ) -10.80%

Европска банка за обнова и развој ( EBRD ) -10.80%

По 60 поминати години, Стопанска банка АД - Скопје има една од водечките улоги во процесот на интеграција на Република Македонија во големото семејство на Европската унија.

Стопанска банка АД - Скопје е секогаш чекор напред. Сигурна, динамична, иновативна, банка во движење. Банка препознатлива по своите современи банкарски производи креирани и модерни филијали ориентирани кон потребите на своите клиенти. Единствена банка со целосно он - лине извршување на трансакциите, банка која ја издаде првата кредитна картичка во земјата, банка со најбројна мрежа на банкомати.

Тоа е Стопанска банка АД - Скопје. Банка која, сега и овде, им ја нуди на македонските граѓани и претприемачи европската реалност и перспектива.

 
Влез во Електронско Банкарство
 2004 - 2006 © СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ