Г-а Трајановска реименувана на позицијата Генерален директор за финансии
10.7.2026

Г-а Трајановска реименувана на позицијата Генерален директор за финансии

Стопанска банка со задоволство го објавува повторното назначување на г-ѓа Мирјана Трајановска за нов мандат како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Г-ѓа Трајановска ја посвети својата професионална кариера на Стопанска банка, градејќи широка експертиза во клучните области на банкарството и финансиите. Преку нејзиното лидерство, посветеност и длабоко институционално знаење, таа даде значаен придонес во работењето, трансформацијата и долгорочниот успех на Банката.

Ѝ честитаме на г-ѓа Трајановска за овој нов мандат и ѝ посакуваме понатамошен успех додека таа помага во водењето на Стопанска банка кон остварување на нејзините стратешки амбиции и создавање трајна вредност за своите клиенти, вработени, акционери и пошироката заедница.

Стопанска банка
На ваша страна

Информација за претстојна системска надградба
1.7.2026

Информација за системска надградба

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека во тек е реализацијата на планираните системски надградби, поради кои во период од 4 до 6 јули платежните услуги преку дигиталните канали ќе бидат лимитирано достапни.

Ве повикуваме своите планирани плаќања да ги реализирате најдоцна до крајот на работниот ден - 3 јули, со цел навремено и непречено извршување на трансакциите.

За итни плаќања на 6 јули користете ги услугите во филијалите на Банката.

Напоменуваме дека платежните картички преку ПОС мрежата и АТМ (мрежата на банкомати) остануваат целосно достапни за корисниците.

Ви благодариме на разбирањето.

Стопанска банка

На ваша страна

Известување до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје
23. 6. 2026

Известување до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје

Согласно донесените одлуки од Собранието на акционери одржано на 28.5.2026 година, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите акционери дека ќе изврши исплата на дивиденда за обичните акции за 2025 година во бруто-износ од 59,00 денари по акција и дивиденда за приоритетните акции за 2025 година во бруто-износ од 6,00 денари по акција.

Исплатата на дивиденда за обичните и приоритетните акции за 2025 година ќе се изврши врз основа на следниот дивиденден календар:

Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датумот на пресек на Акционерската книга е 15.06.2026 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11.06.2026 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда е 12.06.2026 година.

Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе се изврши до 30.06.2026 година. Исплатата на дивиденда за обичните акции ќе се реализира почнувајќи од 13.07.2026 година.

Дивидендата на имателите на обични и приоритетни акции ќе се исплати во готово, на нивните платежни сметки во Стопанска банка АД – Скопје или во друга банка.

Исплатата на дивиденда на акционери - физички лица: Со цел ефикасна исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични и приоритетни акции кои немаат платежна сметка во Стопанска банка АД - Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Стопанска банка АД – Скопје со цел отворање на платежна сметка. Оние акционери - физички лица, кои сакаат да им биде исплатена дивиденда во друга банка, треба да поднесат „Инструкција за пренос на дивиденда на сметка во друга банка“ во Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Банката или во најблиската филијала, со приложување важечка легитимација и сметка од друга банка („Инструкцијата“ е достапна на интернет-страницата на Стопанска банка АД - Скопје).

Исплатата на дивиденда на акционери - правни лица ќе се врши со пренос на средства на нивните сметки во Стопанска банка АД - Скопје или во друга банка, со доставување инструкциja за исплата во друга банка од страна на правното лице, која може да се преземе од интернет-страницата на Стопанска банка АД - Скопје.

Имајќи предвид дека исплатата на дивиденда на физички лица согласно Законот за данок на личен доход подлежи на пресметка и плаќање данок на личен доход, кој пак согласно важечката даночна регулатива, се плаќа преку е-ПДД системот на УЈП од страна на самото физичко лице, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат лично соодветни активности за нивно евидентирање во даночната евиденција на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на приход кој подлежи на оданочување од кој било вид во Република Северна Македонија.

СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ

Пренос на уметнички дела во новиот објект на Банката
19. 6. 2026

Пренос на уметнички дела во новиот објект на Банката

Како патрон на уметноста од самото основање, Стопанска банка создава богата уметничка колекција која постојано се надоградува. Уметнички слики, скулптури, мозаици, икони и мурали ги красеа ходниците на објектот кој со децении беше дом на Стопанска банка.

Со планирањето на новиот објект, Банката го планираше и професионално го организираше макотрпниот подвиг делата да бидат каталогизирани, документирани и дислоцирани од претходното седиште со должно вниманиe. Во моментов, проектот е во фаза на изведба за деталите за поставување на делата во новиот објект на Банката. На тој начин, Банката ја продолжува својата повеќедецениска традицијата да биде на страна на уметноста и културата.

Како потсетување, во рамки на одбележување на еден од своите јубилеји, Банката дел од највредните уметнички дела ги однесе на турнеа низ државата, давајќи им притоа важност и видливост за пошироката јавност. Со гордост Банката во изминатите години репродуцираше дел од уметничките дела во форма на деловен подарок, во соработка со авторите и нивните наследници, создавајќи притоа мини реплики кои се подарени на клиенти и соработници на Банката.

Преселбата на објектот на Банката е сеопфатен проект, при што приоритет има бизнис континуитетот, односно Банката да нема прекин во работењето и процесите кои се клучни за економијата и клиентите, по што се продолжува со останатите активности. Токму поради долгиот процес на преселба, Банката своето свечено отворање на објектот го планира за последниот квартал од годината.

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат стратешкото партнерство и воведуваат нови картички
17.6.2026

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат стратешкото партнерство и воведуваат нови картички

Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти. Проширената соработка е дел од стратегијата на Банката за развој на својата инфраструктура за плаќање и подобрување на дигиталното искуство за своите клиенти.

„Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш Банката има значителен процент во вкупното портфолио на картички под овој бренд. Пред денешното потпишување на договорот, нашите тимови спроведоа обемна подготовка за да се осигурат дека можеме да ја насочиме нашата база на клиенти кон најсоодветните решенија на Мастеркард, без разлика дали се индивидуални производи или комбинации приспособени на нивните лични и деловни потреби. Развивме сеопфатна и холистичка понуда на картички, која ќе продолжиме да ја прошируваме во тесна соработка со искусните тимови на Мастеркард и нивното вредно знаење, со цел да ги задоволиме очекувањата дури и на нашите најпребирливи клиенти“, изјави Хрисула Кутуди, Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

„Со задоволство ја продолжуваме нашата соработка со Стопанска банка во време кога искуството со плаќањата има сè поважна улога во начинот на комуницирање на клиентите со Банката. Новите картички мастеркард ќе им овозможат на поединците и бизнисите пристап до модерни, безбедни производи што одговараат на начинот на кој плаќаат денес. Ова партнерство ги поддржува дигиталните услуги на Банката и помага да се создаде поедноставно секојдневно искуство за нејзините клиенти“, рече Бартож Циолковски, претседател на одделот за Југоисточна Европа во Мастеркард.

Премин кон Мастеркард картички

Како дел од партнерството, Стопанска банка ќе ги воведе картичките Мастеркард како натамошен чекор во подобрувањето на својата понуда за плаќање во текот на целата година. Клиентите на Банката ќе продолжат беспрекорно да ги користат своите постојни картички сè додека не ја активираат својата нова Мастеркард картичка, добивајќи пристап до поширок спектар на приспособени производи, бенефиции и подобрено искуство подготвено за нивните конкретни потреби.
Замената ќе се врши постепено, со најмалку еден месец претходно известување до клиентите, во согласност со условите на договорот меѓу клиентот и Банката. Клиентите ќе бидат информирани кога ќе биде достапна за подигнување и активирање нивната нова Мастеркард картичка во нивната филијала. Дополнително, преминот ги зачувува постојните броеви на сметки и основните услови, целиот процес ќе биде бесплатен, а новите картички нудат и продолжен период на важење.

Стопанска банка продолжува активно да инвестира во развој на нови дигитални услуги и функционалности, со цел да обезбеди уште поедноставно, побезбедно и поефикасно искуство за сите свои корисници.

Како дел од ова партнерство, Банката воведува три нови производи, кои се само мал дел од новините што ќе следуваат како резултат на меѓусебното партнерство во наредните години:

Mastercard Platinum дебитни и кредитни картички за физички лица

Mastercard Business дебитна картичка за правни лица но и

голема наградна игра која ќе трае до крајот на годината

Контакт за дополнителни информации
За какви било прашања поврзани со процесот, клиентите можат да се обратат до најблиската филијала или до контакт-центарот на Стопанска банка.

Промена во Тарифата на надоместоци за девизни плаќања
5.6.2026

Промена во Тарифата на надоместоци за девизни плаќања

Поврзано со обврска од Одлука за начинот на вршење контрола и начинот на доставување на податоците и информациите во доменот на заштитата на потрошувачите (став 28), ве известуваме дека Стопанска банка врши промена во Тарифата на надоместоци во примена од 15.08.2026 година, како што следи:

Вид на надоместок

Важечки

Во примена од 15 август 2026

1.3 Измена на инструкции за кредитен трансфер во евра и валута различна од евро

1,800 мкд

1,200 мкд

58.42 Измена на инструкции за кредитен трансфер во евра и валута различна од евро

1,800 мкд

1,200 мкд

2.1 Приливи од странство за корисници со девизни платежни сметки кај други домашни банки

400 мкд

500 мкд

Предложените измени во Тарифата на Банката, произлегуваат од зголемени трошоци кон кореспондентски банки и меѓународни платежни системи, засилени регулаторни и compliance барања (AML, KYC, санкциски проверки), како и континуирани инвестиции во технологија и сигурност.

Успешно и десеттото издание на „Вози право, вози здраво“
8.6.2026

Успешно и десеттото издание на „Вози право, вози здраво“

Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилените и најмасовните настани во земјата.
Јубилејната десетка беше одбележана на начин што долго ќе се памети. Во преполниот Градски парк, 10.000 учесници заедно со групата „Допамин“ го приредија најголемото караоке шоу досега, изведувајќи ја химната на „Вози право, вози здраво“, специјално напишана и компонирана за ова јубилејно издание. Илјадници гласови обединети во една песна создадоа единствен момент на кулминација на прекрасниот ден и претставуваше вистинска прослава на десетгодишната приказна на настанот.

Уште на самиот старт, просторот кај Порта Македонија беше исполнет со семејства, деца, рекреативци и вљубеници во активниот начин на живот, а за атмосферата беше задолжен DJ Koko. Велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебешки колички се наредија на стартната позиција, а долгата колона учесници се движеше низ централното градско подрачје кон Градскиот парк. Насмеани лица и добро расположение ја следеа целата рута,.
За одличната атмосфера во текот на целиот настан се погрижија водителите Марко Марк и Дaниела Станоевска Џидрова заедно со актерот Гораст Цветковски, кои со својата енергија ги водеа илјадниците учесници низ програмата. На сцената традиционално беше присутен и Цако, долгогодишен пријател и поддржувач на настанот, кој повторно беше меѓу најзаслужните за насмевките на најмладите посетители, а секако тука беше и DJ Иван кој е на ВПВЗ настанот уште од првото издание.

По пристигнувањето во Градскиот парк следуваше голема забава за сите генерации. Просторот беше исполнет со музика, игра и бројни содржини. Најмладите уживаа во дружењето со омилениот Петко и јунаците од 5+ Фамилија, додека сетовите на DJ Иван ја одржуваа енергијата на високо ниво до самиот крај на настанот. Илјадници учесници го искористија денот за дружење, фотографирање и создавање спомени кои ќе ги паметат долго време.

Посебна возбуда предизвика традиционалната лотарија, која оваа година донесе најбогат награден фонд во историјата на „Вози право, вози здраво“. Среќните добитници заминаа дома со 10 Specialized велосипеди за деца, 10 GoPro камери, еден Specialized Road Bike, 10 Specialized велосипеди за возрасни, 10 Apple Watch часовници и 10 комплети велосипедска опрема што вклучуваа кацига, синџир за заклучување и предно и задно светло.

„Вози право, вози здраво“ е многу повеќе од рекреативен настан или ревијална трка. Тој стана симбол на заедничка грижа за поздрава животна средина, подобар квалитет на живот и развој на велосипедската култура во градот. Од година во година бројот на учесници расте, а со него и заедницата на луѓе кои веруваат дека малите промени во секојдневните навики можат да создадат голема разлика. Со рекордни 10.000 учесници, најголемото караоке шоу досега и атмосфера исполнета со радост, музика и заедништво, јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 испиша ново поглавје во својата приказна и постави високи стандарди за годините што следат.

Фото албумот од настанот е достапен на Facebook страницата на Банката.

Известување за промена на надоместоци - 30.5.2026
30.5.2026

Известување за промена на надоместоци

Во примена од 1 август 2026 година, Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошниот текст Банката) врши ревидирање на надоместоците за одржување на денарските и девизните сметки за физички лица и за плаќање на режиските трошоци во готовина на шалтерите на Банката.

За повеќе информации, на следниот линк детално се прикажани надоместоците кои стапуваат во примена од 1 август 2026 г.

Во чекор со новите технологии, променете ги вашите навики и вршете брзо, лесно и безбедно плаќање на вашите редовни месечни обврски за режиските трошоци преку дигиталните (i-bank) канали на Банката, достапни 24/7, без надоместок, а за потрадиционалните корисници, останува достапна опцијата за вршење различни видови плаќања со услугата траен налог.

Како клиент на Банката го задржувате своето право и можност да го уредите или да го измените деловниот однос со Банката, за што може да добиете совет и насоки од одговорните лица во нашите филијали.

Новата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата
28.5.2026

Новата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата

Објектот на новата централа на Стопанска банка е првата зграда во земјата што доби LEED Gold сертификат, еден од најпрестижните светски сертификати за одржливост во градежништвото. Ова достигнување го позиционира објектот како пример за одржлив развој во Северна Македонија и ја демонстрира долгорочната посветеност на Банката кон заштитата на животната средина, иновациите и благосостојбата на вработените и клиентите.

LEED претставува кратенка за „Leadership in Energy and Environmental Design“ (Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) и е глобално признат систем за сертификација, а развиен од Американскиот совет за зелени градби (U.S. Green Building Council). Неговата цел е да промовира поздрави, поефикасни и еколошки објекти. Со оглед на тоа што изградениот простор е одговорен за речиси 40% од глобалните емисии на CO₂ и значителна потрошувачка на суровини, одржливата градба повеќе не е исклучок, туку неопходност за иднината на нашите градови и заедници.

Централата на Стопанска банка ги отсликува овие принципи, поставувајќи нови стандарди за начинот на кој се проектираат, градат и управуваат објектите во земјата. Проектот постигна високи резултати во повеќе категории на LEED, вклучувајќи: ефикасност на водата, енергија и атмосфера, материјали и ресурси, квалитет на внатрешната средина, одржливи локација и транспорт, иновации и регионален приоритет. Преку стратегии како значително намалување на потрошувачката на вода во затворен и надворешен простор, висока оптимизација на енергетската ефикасност, примена на обновливи извори на енергија и одговорно управување со градежниот отпад и рециклирањето, зградата значително го намалува својот еколошки отпечаток, истовремено создавајќи поздрава и покомфорна внатрешна средина за вработените на СБ.

Одржливите принципи беа интегрирани уште од најраните фази на проектирање. Ефикасните системи за греење, вентилација и климатизација (HVAC), осветлувањето, еколошки одговорните материјали, производите со ниски емисии, водоефикасните инсталации и внимателно избраните градежни решенија беа координирани во согласност со LEED барањата. Постигнувањето на оваа сертификација бараше блиска соработка меѓу архитекти, инженери, технички консултанти, изведувачи, производители и LEED консултанти во текот на сите фази од проектот — од концепт до финална изведба и пуштање во употреба.

По повод ова постигнување, г-ѓа Хрисула Кутуди, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, изјави:
„Развојот на нашето ново седиште, покрај градежениот проект, го означува и нашиот пат на трансформација. Заедно со сите наши партнери и со вредната и значителна поддршка на NBG Групацијата, поставивме цел да изградиме објект што ги исполнува највисоките меѓународни стандарди, а воедно ги одразува и нашите вредности како одговорна институција. Добивањето на LEED Gold сертификацијата е доказ за посветеноста, експертизата и соработката на сите инволвирани страни. Исклучително сум горда на проектниот тим на Стопанска банка, чија посветеност беше непоколеблива и клучна за оваа визија да стане реалност. “

Лоцирана во срцето на Скопје, централата на Стопанска банка претставува повеќе од само сертифицирана зграда — тоа симболизира визија насочена кон иднината на градот. Проектот ја одразува посветеноста на Банката кон одговорни инвестиции, грижа за животната средина и благосостојбата на вработените, клиентите и пошироката заедница, зацврстувајќи ја позицијата на Стопанска банка како лидер, не само во банкарството, туку и во одржливите корпоративни практики. Како прва LEED-сертифицирана зграда во Скопје, таа поставува значаен пример за идните проекти и придонесува за подигање на свеста за одржливите градежни практики во регионот.

Соопштение за исплата на мајските пензии
27.5.2026

Соопштение за исплата на мајските пензии

Почитувани,

Пензиите за месец мај ќе бидат на располагање на сметките на клиентите во Стопанска банка на 28.5.2026 година (четврток).

Апелираме поради високите температури и променливото време, нашите пензионери да ја користат широката мрежа на банкомати за бесплатна проверка на состојба на сметка, повлекување на готовина а дебитните картички за плаќање во трговија без провизија. На овој начин, ја намалувате потребата од посета во филијала а добивате поголема слобода и контрола врз вашите финансии.

Стопанска банка

На ваша страна