КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

Определба кон највисоки етички стандарди

•  Се сомневате дека постои злоупотреба на средствата на Стопанска Банка АД - Скопје, крајно неетичко однесување или измама извршена од интерни или екстерни заинтересирани страни:

    -  Пријавете го случајот и Банката ќе ги направи сите разумни напори целосно да го истражи и расчисти;

    -  Бидете насочени кон етичко однесување, и ако знаете некој кој се однесува крајно неетички или ја прекршува валидната интерна или екстерна регулатива, информирајте ја Банката;

    -  Не се плашете за своето работно место, анонимноста на целиот процес е загарантирана, доколку Вие се определите за тоа;

    -  Стопанска Банка АД – Скопје ја гарантира сигурноста и интегритетот на процесот, како и приватноста на идентитетот на лицето кое ќе достави релевантни податоци и информации, согласно етичките стандарди на Банката и соодветната регулатива.

•  Едноставно следете ги нашите инструкции, пополнете го предвидениот Формулар и испратете го.

•  Ако при тоа сакате да останете анонимни и да не го откриете својот идентитет, тоа Ви е овозможено со едноставно одбирање на наведената опција во предвидениот Формулар.

•  Стопанска банка АД - Скопје, како членка на меѓународната групација на Националната банка на Грција (НБГ) е насочена кон исполнување на највисоките етички стандарди во своето работење.
Кодексот на етика за вработените на Стопанска банка АД – Скопје е производ на нашата определба кон целосна усогласеност со законската регулатива и кон целосно почитување на етичките принципи при извршување на сите наши активности. Нашиот Кодекс на етика е насочен кон зајакнување на вредностите на доверба, почит, верност, искреност и транспарентност, кои ја сочинуваат основата за добро деловно одлучување.
Во променливото деловно опкружување во кое делуваме, нам ни е од особено значење, вработените, добавувачите, клиентите, акционерите и сите заинтересирани интерни и екстерни страни, да ја разберат нашата определба кон етичко деловно однесување.

•  Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје како членка на високо реномираната групација на Националната банка на Грција (НБГ), ги следи највисоките стандарди за корпоративно управување и однесување предвидени за компаниите кои котираат на меѓународната берза во Њу Јорк (законот на С.А.Д. Sarbanes – Oxley, Секција 404).
Нашиот процес за поднесување на приговори или дојави во врска со сомнителни сметководствени практики, интерни сметководствени контроли или ревизорски прашања е во целосна согласност со одредбите на Sarbanes – Oxley актот.

 

Процедури за поднесување на приговори или дојави


•  Следејќи ја определбата за примена на највисоките етички стандарди во своето работење, Стопанска банка АД - Скопје сега Ви овозможува доверлив и/или анонимен начин преку кој можете слободно да доставите приговор или дојава во врска со финансиските извештаи, сметководствените постапки, интерните сметководствени контроли или ревизорски прашања и останати неетички или нелегални активности.

•  Пред да пристапите кон пополнување на предвидениот Формулар за Известување, Ве молиме да ги погледнете нашите Најчесто поставувани прашања.

Секој укажувач може да поднесе Пријава до Овластено лице/а за прием на пријави користејќи го каналот на доставување кој највеќе му одговара.

Како канали за доставување на Пријави предвидени се следниве:

 

А) Усно, поднесена лично до Овластено лице/а за прием на пријави во Секторот за контрола на усогласенсота на работењето на банката со прописите;


Б) Писмено со поднесување на потпишана, доверлива или анонимна Пријава/Известување лично до Овластено лице/а за прием на пријави или преку редовна пошта на следната адреса:

          До Овластено лице/а за прием на пријави

          Стопанска банка АД – Скопје-*

          11 Октомври 7

          1000 Скопје

 

В) Електронски преку интернет страницата на Банката: www.stb.com.mk. Овој начин на Известување се извршува со пополнување на предвиден Формулар за Пријавување/Известување, обезбедувајќи целосна доверливост и анонимност на испраќачот.

Во следната табела се дадени видовите на области за кои можете да не известите. Откако ќе ја пронајдете соодветната област за која сакате да испратите приговор или дојава, едноставно притиснување на означеното поле во табелата ќе Ве одведе до Формуларот за Известување. По негово пополнување, со притиснување на означеното поле Испрати, Вашиот приговор/дојава ќе биде испратен на одговорното лице во Стопанска банка АД - Скопje.

 


Видови на прашања за приговори/дојави и нивни дефиниции
1 Неетичко евидентирање и анализа на деловните и финансиски трансакции на редовна основа, поврзани со важечките сметководствени правила и принципи.
Примери: погрешно прикажување на приходи и расходи, средства и обврски, погрешна примена на сметководствените правила, намерно извршени погрешни трансакции.
2

Конфликт на интереси претставува ситуација во која некое лице, како на пример менаџер кој ја застапува компанијата, вработен или експерт, има приватен или личен интерес кој би можел да влијае на објективноста при извршување на неговите или нејзините работни задачи.
Примери: несоодветни односи со добавувачи, поткуп, злоупотреба на доверливи информации и податоци, примање на несоодветни подароци.

3 Да се злоупотребат односно неовластено да се присвојат средства на Банката, со кои тоа лице е задолжено.
Примери: намерни книговодствени грешки, злоупотреба или присвојување на средства, злоупотреба или присвојување на готови пари.
4 Намерно непочитување односно прекршување на важечка интерна или екстерна регулатива, поспецифично законска регулатива и интерни политики и процедури на Банката.
5 Неовластено, незаконско или несоодветно користење на средствата на Банката, вклучувајќи неовластена употреба на средства за останати цели кои не се поврзани со конкретната деловна намена.
6 Нелегално користење и/или одземање на имот кој е сопственост на Банката, со цел негово користење за сопствени цели.
7 Неочекувано и несакано вербално или физичко однесување насочено кон вработен на Банката, поради неговиот или нејзиниот пол, религија, припадност кон етничка заедница или лични определби и уверувања, поспецифично однесување кое создава несакана или несоодветна ситуација или непријателско работно опкружување.
Примери: предрасуди при вработување, предрасуди при доделување на работни задачи, незаконско отпуштање, предрасуди при унапредување, предрасуди во донесување на одлуки за стручно усовршување, употреба на несоодветен речник или коментари, несакани дејствија или барања за сексуални услуги, закани, вознемирувања, или физички контакти.
8 Доколку сметате дека дефинициите презентирани погоре не го опишуваат настанот, активноста или ситуацијата која се однесува на било која друга неетичка деловна практика или нелегална активност, Ве молиме употребете го овој дел за да го испратите Вашето Известување.