Кредитни производи за средни и големи компании

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

e-com image

ГАРАНЦИИ

 

Ностро Гаранции

 

Опис на производот

Во банкарските операции, банкарската гаранција претставува правна работа со која банката (како гарант) на барање на компанијата (како налогодавач) и согласно неговите пишани инструкции, издава документ (гаранција) на трета страна (како корисник на гаранцијата).
Девизните гаранциите на барање на клиентите, може да бидат издадени во согласност со Еднообразните правила за гаранции на повик, издание бр. 758 на Меѓународната трговска комора во Париз , а денарските гаранции се издаваат врз основа на Законот за облигациони односи.

 

Намена на производот

Банкарската гаранција е инструмент со кој банката гарант презема неотповиклива обврска кон корисникот на гаранцијата, дека во случај на неисполнување на обврските од налогодавачот, кој претставува должник по гаранцијата, обврската ќе биде исполнета од банката гарант и без оглед на видот на гаранцијата, обврската на банката претставува обврска за плаќање.

 

Видови

Стопанска банка АД, Скопје издава ностро девизни и денарски гаранции. Стопанска банка АД ги издава следните видови гаранции:
1.Платежни гаранции вклучително и гаранции за обезбедување на долг во царинска постапка и други.
2.Чинидбени гаранции:

- Лицитациони (тендерски) гаранции

- Гаранции за платен аванс

- Гаранции за добро извршување на работите

- Гаранции за добро извршување во гарантен период

- Други видови гаранции во зависност од потребите на клиентите.

 

3.Врз основа на добиени контра гаранции од странски или домашни првоклсани банки, Стопанска банка АД - Скопје издава свои гаранции на корисници во земјата и/или странство согласно барањата на налогодавачот.

 

Стопанска банка АД - Скопје започна со издавање на  гаранција на понуда во електронска форма заради учество во постапка за доделување на договор за јавна набавка која се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем на јавни набавки.

 

- Лица овластени да потпишуваат гаранции на понуда  преку Електронскиот систем на јавни набавки се: Весна Спасевска, Катерина Јовановска и Цветанка Кизова.

 

Услови за добивање на производот

- Клиентот да има отворено денарска и/или девизна сметка во Стопанска банка АД

- Комерцијален или финансиски договор со партнерот за конкретна зделка или проформа фактура, и сл.

- Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит на фирмата, хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка, залог на сопствен - денарски или девизен штеден влог или штеден влог од трето лице.

- Гаранциите може да бидат издадени и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со некое од горенаведените обезбедувања.

 

Потребни документи

- Барање за издавање на гаранцијата

- Конкретни документи во зависност од видот на гаранцијата (трговски или финансиски договор со партнерот, проформа фактура, тендерска документација, одобрение издадено од Царинската управа и сл.)

- Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРСМ, образец ЗП)

 

ПРОВИЗИИ И ТРОШОЦИ

Во зависност од видот на гаранцијата и обезбедувањето:

 

1. Гаранции обезбедени со наменски депозит (денарски или девизен, залог на штедна книшка, гаранција од првокласна банка):

- 0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 3.000МКД или месечно, 0.1% од износот, минимум 1.000МКД за платежни и чинидбени гаранции

- 0.2% од износот, тримесечно, минимум ден. 1.500МКД или месечно, 0.07% од износот , минимум 600МКД за лицитациони гаранции

 

2. Гаранции обезбедени со хипотека , залог на движен имот и/или меници со нотарски акт (во рамките на веќе одобрен рамковен лимит/ кредитна линија):

- 1.2% од износот , тримесечно , минимум 3.000МКДили месечно , 0.4% од износот , минимум 1.000МКД за платежни и чинидбени гаранции 

- 0.6% од износот , тримесечно , минимум 1.500МКД или месечно , 0.2% од износот , минимум 600МКД за лицитациони гаранции  

 

3.Измена на услови на гаранции: ден. 2.000,00

- Провизијата се наплатува пред издавањето на гаранцијата за првиот месец или тримесечие, а за следните периоди до истекот на рокот на важност на гаранцијата, на почетокот на истите, на салдото на гаранцијата.

 

Каде може да се добие производот

 

Во Централата и филијалите на Стопанска банка АД - Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

 

Лоро (примени) Гаранции

- Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на девизни лоро гаранции и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.

- По извршената проверка на автентичноста на примената гаранција како и текстот на истата, гаранцијата се авизира без обврска на Стопанска банка АД - Скопје

- Стопанска банка АД - Скопје авизира без нејзина обврска и примени гаранции за клиенти на други банки, по извршената проверка на автентичноста на примената гаранција.

 

Провизии и трошоци:

- Авизирање: 0.1% од износот, минимум 600МКД максимум 10.000МКД плус трошоци 200МКД

- Измена на условите на гаранцијата: 600МКД плус трошоци 200МКД

- Преземање и манипулација со документи: 0.15% од износот, минимум 1.500МКД плус трошоци.

 

Информации

За сите информации и прашања, ве молиме да се обратите во Дирекцијата за финансирање на трговијата, на следните телефони: 3295 416; 3295 514; 3295 276, како и во нашите филијали на целата територија на Република Македонија.

 

Банката дава бесплатни совети на своите клиенти од доменот на гаранциското работење.