
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на парични права за социјална заштита
01.06.2020
СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНИ ПРАВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека исплатата на средствата за социјална заштита ќе се врши во периодот од 02.06 (вторник) до 04.06 (четврток) по азбучен редослед според почетната буква од презимето:
- 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
- 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
- 4 јуни (четврток) – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Лицата кои поседуваат дебитна картичка ќе располагаат со износот на средства за социјална заштита од 02.06.2020 (вторник) преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот АПЕЛИРАМЕ клиентите да се држат на растојание од 2м и да носат задолжително маска или марама.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна