КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

10.08.2018

 

 

Оглас за вработување - ИТ Ревизор

 

 

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.

 

ИТ Ревизор во Дирекција за ревизија на Информациони Системи

 

Значајни должности:

  • Самостојно планирање и извршување на ревизии на информационите системи на Банката, како и учество во интегрирани ревизии на останатите функции во Банката (во соработка со Менаџерот на ревизијата);
  • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури;
  • Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Директорот на Сектор за внатрешна ревизија/Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции;
  • Учествува во активностите на надворешните ревизии, внатрешната ревизија на НБГ Групацијата, супервизија на НБРМ и останати државни институции;
  • Учествува во проектите за примена и усогласување на работењето на Банката согласно барањата на релевантните тела на Банката и НБГ Групацијата, како и надворешни релевантни регулаторни тела, законски регулативи и стандарди.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Релевантно работно искуство во извршување на ИТ ревизии или сродно искуство во областа на информациони системи;
  • Професионални сертификати од областа (CISA, CISM или еквивалентно) ќе се сметаат како значајна предност;
  • Познавање и искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, ќе се сметаат како значајна предност;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно;
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

 

Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик, електронски на: human.resources@stb.com.mk.

 

Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 27 август 2018.

 

Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна