Уплата на пензии од странство
Уплата на пензии од странство се врши по налог на странски пензиски фонд. Средствата се одобруваат директно на сметката на корисникот на девизната пензија. Ако во налогот за наплата стои како налогодавец и корисник истото физичко лице, а средствата се испратени по основ на пензија, во овие случаи потребно е лицето да достави соодветна документација издадена од надлежен орган во странство за прием на пензија.
Провизија
- 1% од денарската противвредност минимум МКД 250.00
- 1% од денарската противвредност минимум МКД 500.00 (за пензии од Полска).