Кредитни картички

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

VISA Vero - Кобрендирана  кредитна картичка на Веро и Стопанска банка

 

 

За поднесување барање преку интернет кликнете на АПЛИЦИРАЈ ONLINE, во секое време од денот: 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  

КРАТОК ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

Meѓународна кредитна картичка за користење во земјата и во странство за:
- Плаќање во трговската мрежа на сите VISA продажни места во земјата и во странство
- Подигање на готовина на банкомати и на шалтери 
 

КОМПАРАТИВНИ ВРЕДНОСТИ 

 

- За сите купувања во земјата и во странство, следува одобрен попуст за бесплатно купување во маркетите на Веро и Џамбо. Попустот се добива во рамките на редовниот месечен преглед во висина од:

• 3.5% од вредноста на трансакциите направени во маркетите на Веро и Џамбо во РСМ и

• 0.5% од вредноста на трансакциите направени со картичката на која било продажна локација

Вредносниот ваучер со одобрениот попуст е со рок на важност од 3 месеци од датумот на издавањето.

- Moжност за плаќање до 36 месечни рати БЕЗ КАМАТА

- Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот.

- Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

- Без провизија при плаќање во трговската мрежа

- Најповолни услови за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

- Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ

- Користење на картичката Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за: Плаќање во трговија Подигање на готовина на банкомати и шалтери

- Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена

 

 


ВАЛУТА
МКД (денарски кредитен лимит) 
 
КРЕДИТЕН ЛИМИТ
- Максимум 300.000 денари во зависност од примањата (максимум до 5 плати)
 
ПЕРИОД НА ВАЖНОСТ
- 2 години за првото издавање
- 3 години при обновување на картичката

 

КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА- ЛИМИТИ И ОСЛОБОДУВАЊА

- Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари

- Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 300.000 денари

- Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и странство

- Доколку имате потреба од износ на средства кој што ги надминува лимитите, истите може времено да се подигнат согласно вашите потреби со јавување во 24/7 контакт центарот на Стопанска банка на 3100-109

 

КАМАТНИ СТАПКИ
- 10,25% - редовна каматна стапка, за оние кои што не ја примаат платата во Стопанска Банка

- 9,23% - за корисниците што примаат плата преку Стопанска Банка

Каматата се пресметува само за искористениот износ

- 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (сѐ додека ратите не достасаат за плаќање)


ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО

за прво издавање 
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање 
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички

По истекот на првата година, сите клиенти добиваат можност за целосно или делумно ослободуваше од трошокот за членарина, во зависност од обемот на користење на картичката и/или останатите прозиводи на Стопанска банка.

Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 45 дена во отплатата на месечните минимални обврски, банката ќе наплати 1500 МКД годишна членарина.

Сите останати клиенти се квалификуваат за некои од следниве основи за попусти во годишната членарина:


0 МКД односно целосно ослободување од годишната членарина добиваат корисниците кои исполнуваат било кој од следниве услови (попусти):
- Годишен промет од мин. 90.000 МКД направен со основната или дополнителните картички во трговската мрежа во земјата или странство (вклучително и интернет прометот)
- Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
- Картичката е издадена врз основа на залог депозит

395 МКД членарина за клиентите кои примаат пензија во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

595 МКД членарина за клиентите кои примаат пензија во СБ а месечните прегледи ги добиваат по пошта

695 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

895 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ а месечните прегледи за картичката ги добиваат по пошта

 
ПРОВИЗИЈА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА

Подигање готовина од шалтери и банкомати (АТМ-и) на Стопанска банка АД - Скопје
Подигање готовина од АТМ од шалтери на други банки во земјата во странство
Од шалтери на СБ Од банкомати (АТМ-и) на СБ 100 денари + 3% од износот на трансакцијата
5% - но не помалку од 100 денари 100 денари + 2% од износот на трансакцијата

 

КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

Visa Vero кредитната картичка може да се користи на домашни и на странски интернет-сајтови за извршување e-commerce трансакции со високо ниво на безбедност.


НАЧИН НА ОТПЛАТА
За сите што платата/пензијата ја земаат преку СБ, или имаат тековна сметка во Стопанска банка: 
- Можност за воспоставување траен налог од тековната сметка за безгрижна отплата
- Можност за плаќање преку услугите на е-банк на СБ 

МИНИМАЛЕН ИЗНОС ЗА ПЛАЌАЊЕ
3% - од искористениот износ на сите достасани трансакции направени со картичката + пресметаната камата

 

МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
- Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
- Можност за купување на 2, 3, 4, 5, 6, 10, 12, 18, 24, 36 и 48 рати во зависност од договорот со трговецот
- Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата 

- Важи само кај тие трговци што склучиле договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата (преземајќи го трошокот за каматата на клиентите) 

 
КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
- Физички лица, државјани на Р.Северна Македонија
- Возраст од 20 до 67 години на денот на поднесување на барањето за кредитна картичка
- Минимални месечни од 8.100 денари

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Пополнета апликација

- За клиенти што земаат плата/пензија во СБ, извод од трансакциска сметка за последните три месеци и важечка лична карта
- За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.

- Друга документација по барање на банката 

 

ИНФОРМАЦИИ

Обратете се во Контакт Центарот на Стопанска банка 02/3100-109 во било кое време во денот 24/7 за информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката.

 

АПЛИЦИРАЊЕ
- Аплицирајте онлајн тука.

- Аплицирајте телефонски на 15 110

- Аплицирајте во најблиската филијала, со отпечатена и пополнета апликација

 

КАРАКТЕРИСТИКИ

За интегриран преглед на карактеристиките на Visa Vero кредитна картичка притиснете тука.

 

 

Во пакет со барањето за платежна картичка поврзано е бесплатно патничко осигурување кое има годишна важност а се издава на носителот на кредитната картичка, на неговор барање. За оваа цел Банката издава полиса од Кроација Осигурување – Неживот, како нејзин овластен застапник во класите на неживотно осигурување.

 

Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.