Кредитни картички

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

VISA STAR - Кредитна картичка

 

За поднесување барање преку интернет кликнете на АПЛИЦИРАЈ ONLINE, во секое време од денот: 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КОМПАРАТИВНИ ВРЕДНОСТИ

- Moжност за плаќање до 36 месечни рати БЕЗ КАМАТА

- Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот.

- Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

- Без провизија при плаќање во трговската мрежа

- Најповолни услови за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

- Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ

- Користење на картичката Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за: Плаќање во трговија Подигање на готовина на банкомати и шалтери

- Бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена со важност од 365 дена

 

 

КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА
Во земјата и во странство за:
- Плаќање во трговија
- Подигање готовина на банкомати и на шалтери


ВАЛУТА
МКД (денарски кредитен лимит)


КРЕДИТЕН ЛИМИТ
- Максимум 300.000 денари 
во зависност од примањата на клиентот

ПЕРИОД НА ВАЖНОСТ
- Прво издавање - 2 (две) години
- Обновување - 3 (три) години


КАМАТНИ СТАПКИ
Годишни, променливи
- 10,50% - редовна каматна стапка, за нови корисници без плата
 
- 9,45% - за корисници што примаат плата преку СБ, редовни во отплата

Камата се пресметува само за искористениот износ. 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (сѐ додека ратите не достасаат за плаќање)
- Рефинансирање долг по кредитни картички од други банки ќе биде направено под наведените каматни стапки во зависност од категоријата на клиентот, освен во случај на промотивна понуда


ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО
за прво издавање 
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање 
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички

По истекот на првата година, сите клиенти добиваат можност за целосно или делумно ослободуваше од трошокот за членарина, во зависност од обемот на користење на картичката и/или останатите производи на Стопанска банка.

Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 45 дена во отплатата на месечните минимални обврски, банката ќе наплати 1500 МКД годишна членарина.

Сите останати клиенти се квалификуваат за некои од следниве основи за попусти во годишната членарина:


0 МКД односно целосно ослободување од годишната членарина добиваат корисниците кои исполнуваат било кој од следниве услови (попусти):
- Годишен промет од мин. 90.000 МКД направен со основната или дополнителните картички во трговската мрежа во земјата или странство (вклучително и интернет промет)
- Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
- Картичката е издадена врз основа на залог депозит

395 МКД членарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

595 МКД членарина за клиентите кои се приматели на пензија во СБ а месечните прегледи ги добиваат по пошта

695 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ и се корисници на сервисот за електронска (e-mail) достава на месечните прегледи за картичката

895 МКД членарина за клиентите со или без плата во СБ а месечните прегледи за картичката ги добиваат по пошта

 

ПОДИГНУВАЊЕ НА ГОТОВИНА

ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА ВО МРЕЖАТА НА СБ
- Од шалтери: 5% од износот на трансакцијата, но не помалку од 100 денари
- Од банкомат: 2% од износот на трансакција + 100 денари 

 

ПРОВИЗИИ ЗА ПОДИГАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТИ И НА ШАЛТЕРИ НА  ДРУГИ БАНКИ ВО ЗЕМЈАТА И ВО СТРАНСТВО
- 100 денари фиксен износ + 3% од износот на трансакцијата

 

КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

Visa Star кредитната картичка може да се користи на домашни и на странски интернет-сајтови за извршување e-трговија со високо ниво на безбедност.


ОТПЛАТА
За сите иматели на тековна трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:
- со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 3% или плаќање на вкупниот долг од 100% или
- преку i-bank услугите на СБ

МИНИМАЛНО МЕСЕЧНО ПЛАЌАЊЕ 
3% - од износот на сите трансакции направени во рамките на еден кредитен циклус и пресметаната камата


МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
- Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 трговци, партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
- Можност за купување на 2, 3, 4, 5, 6, 10, 12, 18, 24, 36 и 48 рати
- Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 3% од достасаната рата 
- Само кај тие трговци што склучиле договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата

- Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата  - 5% наместо 3% 

 

РОК НА ПЛАЌАЊЕ
До 15 дена – од денот завршувањето на кредитниот циклус


КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
- Физички лица, државјани на Р.Македонија
- Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање
- Минимално месечно примање – 8.100 МКД


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

- Пополнета апликација

- За клиенти што земаат плата/пензија во СБ, извод од трансакциска сметка за последните три месеци и важечка лична карта
- За клиенти што не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена)  а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените кои платата не ја примаат во СБ и работат во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец.

- ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот; 2 последни извештаи за кредитната картичка чијшто долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чијшто долг се рефинансира

- Друга документација по барање на банката

 

ИНФОРМАЦИИ

Обратете се во Контакт Центарот на Стопанска банка 02/3100-109 во било кое време во денот 24/7 за информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката.

 

АПЛИЦИРАЊЕ
- Аплицирајте онлајн тука.

- Аплицирајте телефонски на 15 110

- Аплицирајте во најблиската филијала, со отпечатена и пополнета апликација

 

КАРАКТЕРИСТИКИ

За интегриран преглед на карактеристиките на Visa Star кредитна картичка притиснете тука.