КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

VISA Electron

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА:

Сите постоечки корисници на Виза Електрон дебитни картички можат да побараат бесплатна замена во нова картичка која е меѓународна и поддржува бесконтактни плаќања

 

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
VISA Electron дебитната картичката е меѓународна картичка која клиентот ја користи во согласност со расположливите средства кои ги вложил на својата сметка.
Картичката се користи во земјата и во странство за:
- Безготовински плаќања во трговската мрежа и на интернет
- Подигање готовина од банка или банкомат

 

Бесконтактни плаќања, а до 1100 МКД и без внесување на ПИН код

 

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
VISA Electron дебитната картичката е поврзана со денарска сметка на која се вршат сите уплати и исплати во денари.
При користење на картичката во странство задолжувањето се врши во денари по курсот на девизниот пазар на СБ
 

- Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство 

- Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка се први картички во РМ кои го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот. Дознајте повеќе за предностите на VCAS 3D Secure на следниот линк.

 
ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите и шалтерите на СБ
- За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100 МКД + 2% од подигнатиот износ.
- За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 150 МКД+2% од подигнатиот износ.
- Дневен лимит за подигање готовина е 60.000 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени)

 

ПИН
За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН код кој Вие го одбирате при активирањето на картичката во филијалите на СБ. Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката. 

 

ВАЖНОСТ
5 години важност на картичката при првото издавање

 

ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО
- 0 денари членарина (без членство) за основната и дополнителната картичка.

- Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка.

- Трошокот од 90 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)

 

КРИТЕРИУМИ
Физички полнолетни лица, државјани на Р. Македонија
 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Апликација за VISA Electron дебитна картичка лично пополнета и потпишана од клиентот

- Важечка лична карта

 

ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ

- Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД

- Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД

- Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150 МКД

- За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000 МКД

 

ИНФОРМАЦИИ

Обратете се во Контакт Центарот на Стопанска банка 02/3100-109 во било кое време во денот 24/7 за информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката.

АПЛИЦИРАЊЕ

- Аплицирајте онлајн тука.

- Аплицирајте телефонски на 15 110

- Аплицирајте во најблиската филијала, со отпечатена и пополнета апликација