КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

MASTERCARD ТОПСИ - Дебитна картичка

 

 

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

MasterCard TOPSI е бесплатна дебитната картичка наменета за млади клиенти на возраст до 28 години. Картичката е со меѓународна важност (насекаде во светот) и може да се користи во рамките на расположливите средства на трансакциската сметка со која е поврзана. 

Корисниците на оваа картичка добиваат и ексклузивни попусти кај одредени трговски партнери. Детална листа на трговци и попустите кои ги нудат е достапна на http://www.topsi.mk/


Картичката се користи во земјата и во странство за:
- Безготовински плаќања во трговската мрежа и на интернет
- Подигање готовина од банка или банкомат

 

 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

MasterCard ТОПСИ дебитната картичката е поврзана со денарска сметка на која се вршат сите уплати и исплати во денари.
При користење на картичката во странство задолжувањето се врши во денари по курсот на девизниот пазар на СБ
- Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство

- Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка се први картички во РСМ кои го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот. Дознајте повеќе за предностите на VCAS 3D Secure на следниот линк.
 
ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите и шалтерите на СБ
- За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100 МКД + 2% од подигнатиот износ.
- За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 150 МКД+2% од подигнатиот износ.
- Дневен лимит за подигање готовина е 60.000 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени)

 
ПИН
За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН код кој Вие го одбирате при активирањето на картичката во филијалите на СБ. Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката. 

 

ВАЖНОСТ
5 години важност на картичката при првото издавање

 

ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО

 - 150 денари годишна членарина

- За клиенти до 28 години картичката е бесплатна

- За клиенти над 28 години - 150 денари за првата година при изработка на картичката и потоа можност за ослободување од членарина со направен промет во тровија од 30.000 денари во текот на една година

- 0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.

- Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка.

- Трошокот од 90 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)

 

КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА- ЛИМИТИ И ОСЛОБОДУВАЊА

- Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари

- Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 300.000 денари

- Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и странство

- Доколку имате потреба од износ на средства кој што ги надминува лимитите, истите може времено да се подигнат согласно вашите потреби со јавување во 24/7 контакт центарот на Стопанска банка на 3100-109

 

КРИТЕРИУМИ
Физички полнолетни лица, државјани на Р.Северна Македонија, на возраст помала од 28 години.
 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Апликација за MasterCard ТОПСИ дебитна картичка лично пополнета и потпишана од клиентот
- Важечка лична карта


ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ

- Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД

- Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД

- Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150МКД

- За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000 МКД

 

ИНФОРМАЦИИ

Обратете се во Контакт Центарот на Стопанска банка 02/3100-109 во било кое време во денот 24/7 за информација во врска со картичката, како и за сите случаи на губење или кражба на картичката.

АПЛИЦИРАЊЕ

- Аплицирајте онлајн тука.

- Аплицирајте телефонски на 15 110

- Аплицирајте во најблиската филијала, со отпечатена и пополнета апликација
 

КАРАКТЕРИСТИКИ

За интегриран преглед на карактеристиките на MasterCard ТОПСИ притиснете тука