ПРОМОТИВНA ПОНУДА |
Сите клиенти кои ќе аплицираат во периодот од 01.01.2019 до 28.02.2019 добиваат:
* 100% попуст на административните трошоци * 100% попуст на трошоци за процена
За времетраењето на Јавниот повик, односно за сите примени апликации за субвенциониран станбен кредит во периодот до 31.12.2019 година, Стопанска банка АД-Скопје ќе покрие 50% од нотарски трошоци за воспоставување на заложно право врз недвижност.
|
Компаративни предности
|
• Ниски месечни ануитети како резултат на долги периоди на отплата
• БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
• БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
• Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
• Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство
• Со секоја одобрена апликација - предодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот |
Намена на кредитот
|
- Купување на стан/куќа директно од инвеститорот или од изведувачот на градежните работи
- Градба на куќа
- Купување на нова куќа од правно лице или куќа во типска населба
- Купување нова куќа од правно лице или куќа во типска населба /градба на куќа за млади до 35 години возраст |
Износ на кредит
|
До 50.000 евра |
Валута
|
Денарски со клаузула во евра
|
Рок на отплата |
Од 20 до 30 години |
Отплата |
Еднакви месечни ануитети
- Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија
- За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други банки 3% провизија од рефинансираниот износ
За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата: со траен налог, преку системот на електронско банкарство на СБ, преку банкоматите на СБ или преку системот на телефонско банкарство |
Трошоци |
- Апликативни трошоци 500,00 денари
- Административни трошоци 0% од износот на одобрениот кредит, еднократно, за сите клиенти.
- Трошоци за проценка 0 денари
- Трошоци за осигурување на имотот кој се става под залог
- Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во Агенцијата за катастар на недвижностите
- Нотарски трошоци за Изјавите по барање на Министерството за финансии |
Годишни каматни стапки
|
Вид на субвенција
|
50%/75% од месечниот ануитет
|
50% / 75% од учеството
|
Купи куќа за млади – 80% за први 8 години и 50% за наредни три години од месечниот ануитет
|
Купи куќа за млади – 100% учество
|
3.95% фиксно за првите три години |
4.26% (6 месечен ЕУРИБОР + 4.50 процентни поени за целото времетраење на кредитот)
|
4.44% фикснa за 4-тата и 5-тата година
|
6.17% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата ја примаат преку СБ)
|
6,85% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ)
|
Обезбедување
|
Залог на недвижен имот во вредност од 125% - 200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување |
Критериуми за кредит
|
Покрај критериумите пропишани со Законот за субвенциониран станбен кредит потребно е да бидат исполнети и следниве критериуми:
- Минимални месечни примања:
9.100 денари за секој учесник во кредитот поединечно.
- Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),
- Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесно семејство, но да ги задоволуваат следните услови:
- Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или
- Ко-кредитобарател да е клиент на со постоен кредитен производ во СБ, со добра кредитна историја
- За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките.
- Максималниот вкупен износ на месечните примања по основ на плата за лицата кои не се во брачна заедница не смее да надмине 900 евра во денарска противвредност.
- Максималниот вкупен износ на месечните примања по основ на плата за лицата кои се во брачна заедница не смее да надмине 1300 евра во денарска противвредност.
- Возраст на кредитобарателот / ко-кредитобарателот минимум 20 години на денот на аплицирање, максимум 70 години на денот на отплата на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
- Сопствено учество
- најмалку 10% од продажната вредност на станот кој се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
- Доколку се бара станбен кредит за градба на куќа, при што како обезбедување се нуди куќата која е предмет на градба заедно со земјиштето, минималното учество во однос на вкупната инвестиција за завршување на градбата потребно е да биде најмалку 25%.
|