Тајност на податоците за депозит
Податоците за депозит на физичко лице (број на сметка, вид на депозит, состојба на депозит) се деловна тајна на СБ.
Податоците за депозитите на физички лица можат да се соопштат во следните случаи:
- ако сопственикот на депозитот и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
- на писмено барање, или налог на надлежен суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари, во согласност со закон