Global Money Week 2019 е под мотото “Учи. Штеди. Имај.“

 

Токму затоа, предизвикот кој Стопанска банка АД - Скопје го организира оваа година во знак на поддршка на глобалната иницијатива поделен е на 2 дела:

 

1. Помалите ученици ги повикуваме да ги смислат и да ни ги напишат своите СМАРТ планови за штедење:

 

С - специфичен/конкретен (за нешто што се посакува во иднината)

M - мерлив

A - акциски (со конкретни чекори)

Р - реалистичен/возможен

T - термински план (со краен рок)

 

2. А за ТОПСИ генерацијата имаме едно трик прашањ :) е кое сакаме да ни го одговрат „Што е разликата помеѓу заработка и заштеда?“

 

 

НАШАТА БЛАГОДАРНОСТ ЗА УЧЕСТВОТО ВО ПРЕДИЗВИКОТ: И од двата предизвици кои ги објавивме и промовиравме на нашата Facebook фан страница, ќе бидат избрани најинтересните одговори и на 3 деца ќе им бидат отворени Пчелка депозити со по 3.000денари а ќе избереме и 3 од ТОПСИ одговорите кои ќе добијат TOPSI MasterCard дебитна картичка со 3.000денари.

 

Ве молиме пишувајте ги вашите одговори во коментари на статусите на Facebook најдоцна до петок, 29.03.2019. Побарајте ги под #GlobalMoneyWeek2019 #УчиШтедиИмај

 

Погледнете ги фотографиите од настаните организирани од Стопанска банка по повод Глобалната недела на парите 2019.

 

 

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА GLOBAL MONEY WEEK (GMW):

 

КОЈ Е ОРГАНИЗАТОР?

GMW е иницијатива на Child and Youth Finance International, непрофитна организација од Холандија. Организацијата првпат го спроведе GMW пред 7 години и го изгради во глобално движење за финансиска инклузија, економска граѓанска едукација, претприемништво за деца и млади ширум светот. Дознајте повеќе на овој линк.

 

КОЕ Е МОТОТО НА GMW?

"Учи.Штеди.Имај“ е официјалното мото на GMW2019. Мотото ја пренесува пораката на глобалната заложба на GMW и е во поддршка на целите оваа недела да се поттикнат децата и младите не само да учат како да ги управуваат своите пари паметно, туку како и да го пренесат ова знаење до своите фамилии и заедници. Дополнително, мотото помага сите да создадат свои верзии на настани и активности околу настанот да им помогнат на децата и младите да:

 

  • УЧАТ како да ги управуваат своите пари паметно
  • ШТЕДАТ за своите иднини
  • ЗАРАБОТАТ за себе и за своите семејства

 

Зошто е значајно децата да учат за финансии уште од мали години?

 Колку порано научат децата за парите, заштедите и инвестициите, толку подобро ќе управуваат со личните финансии низ животот. Овие вештини им помагаат на децата и младите да ги направат разликите помеѓу заработка, заштеда, трошење со што стануваат подобри во управување со буџетите и имаат поздрави финансиски навики во животот. Исто така, со овие вештини децата ќе можат да донесат и финансиски поздрави одлуки кога ќе треба да избираат студии, возило, недвижнини, патувања и други секојдневни трошоци.

 

Која е целта на Global Money Week?

 Веруваме дека денешните деца и млади треба да бидат силни економски граѓани, кои се способни да ја спонзаат вредноста на штедењето, кои имаат вештини кои помагаат да се најде работа и да се одржи пристоен живот. Би сакале, младите да научат паметно да управуваа со своите буџети. Преку зајакнување на младите и децата во овој поглед, можеме да им помогнеме да создадат позитивен бран кој ќе им помогне ним, на нивните семејства и на нивните заедници. Global Money Week е време кога целиот свет може да се вклучи и да ги промовира овие значајни теми.

 

Кога се одбележува Global Money Week?

 GMW се одбележува секоја година во март. GMW2019 ќе биде од 25 – 31 Март 2019.

 

Кој може да учествува?

 Секој. Секаде. Без оглед дали сте претставник на заедница, компанија или земја. Без разлика дали настапувате индивидуално, како група или како институција - ги охрабруваме сите кои веруваат во инвестиција за посилни идни генерации да земат учество.

Проверете кои се земји и организации имаат и досега учествувано во проектот