Правни аспекти

Ова е дел од официјалната веб страница на Стопанска банка АД - Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата и мобилната апликација.

Корисниците кои пристапуваат до оваа веб страница ги имаат следните права:

• Да ја прегледуваат содржината
• Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изводот
• Да ги копираат или печатат материјалите достапни на веб страницата без комерцијални цели
• Да ги поврзуваат нивните страници со линкови до оваа апликација

Секое физичко или правно лице кое базирано на информациите достапни на веб страницата ќе донесе одлука, ќе биде самиот одговорен за успехот или неуспехот на одлуката која ја донел и сите загуби кои може да произлезат од неа.

Стопанска банка АД – Скопје негира одговорност за содржината на надворешни веб страници кои може да се посочени во рамки на оваа апликација

Апликацијата на Стопанска банка АД – Скопје претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат. Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава.

Производите и услугите достапни преку оваа апликација се однесуваат исклучиво на Стопанска банка АД – Скопје и се во комплетна сопственост на Банката.

Секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Стопанска банка АД – Скопје, како и создавањето линкови без претходна согласност на Банката ја ослободува Банката еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од компетентните служби.

Општи услови

Ова лого припаѓа исклучиво на Стопанска банка АД - Скопје, членка на НБГ групацијата (Банка) и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Банката, на било кој начин, било монетарен или не, претставува прекршување на правата. Присуството на логото на Стопанска банка АД - Скопје, членка на НБГ групацијата не е обврска или неотповикливо задолжение превземено од Банката, и не и гарантира на Банката одобрување на кредитот побаран од страна на трети лица, партнери на Банката, како и, не гарантира исполнување на обврските превземени од страна на партнерите.

Важни напомени:

• Со користењето на оваа апликација на Стопанска банка АД – Скопје, корисникот потврдува дека е запознаен и дека целосно ги прифаќа сите можни ризици поврзани со пристапот што апликацијата го има до содржините на неговиот уред (мобилен или друг апарат) со користењето на интернет, телефонска комуникацијата и локациски сервиси (GPS - Global Positioning System), како и со условите за нивната употреба преку оваа апликација, што може да се предмет на соодветна наплата од страна на телекомуникациските оператори.
• Стопанска банка АД – Скопје не гарантира дека сите или дел од содржините и сервисите на оваа апликација функционираат на сите типови на телефонски и/или други уреди на кои е инсталирана оваа апликација, ниту гарантира дека тие постојано ќе функционираат на истите.
• Банката не гарантира и не превзема никаква одговорност за евентуални проблеми со уредот на кој се користи мобилната апликација ниту за достапноста и квалитетот на телекомуникациските мрежи.
• Користењето на мобилната апликација е 24 часа дневно во обем и начин регулирани со општите правила за користење на веб страната на Банката и терминскиот план на Е-Banking сервисот објавени на веб страната на банката (www.stb.com.mk).
• Банката го задржува правото да врши привремени прекини во достапноста на услугите преку оваа апликација поради унапредување, одржување или поправки на системите на Банката.
• Банката го задржува правото да изврши измени и адаптации на услугите достапни преку мобилната апликација или да изврши траен прекин на дел или сите услуги достапни преку оваа апликација во согласност со својата деловна политика.
• За сите значајни промени во апликацијата или начинот на нејзино користење, корисникот е согласен Стопанска банка АД – Скопје да го информира преку својата официјална веб страна (www.stb.com.mk).
• Корисникот на апликацијата е должен да го контролира пристапот до уредите на кои е инсталирана оваа апликација. Стопанска банка АД – Скопје не одговара за евентуална штета настаната од неовластен пристап до уредите на кои е инсталирана оваа апликација и/или неовластен увид во сорджините и услугите достапни преку оваа апликација.