КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 44-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД - Скопје

 

 

Врз основа на член 390 и член 403 од Законот за трговски друштва, а во врска со Иницијативата на група на акционери сопственици на над 1/10 од приоритетните акции за дополнување на Дневниот ред на 44 –та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје закажана за 12.12.2018 г. во 11:00 часот, Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје донесе Одлука за измена на Одлуката за свикување на 44-та Седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр. 2838 / 28.11.2018 година), со која се дополнува Дневниот ред со додавање на нова точка под бр. 7.  

Врз основа на горенаведеното, за работа на 44-та седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:



РЕВИДИРАН ДНЕВЕН РЕД:

 

 

1. Избор на Претседавач, нотар и бројач на гласови;

2. Разгледување на Записникот од 43-та седница на Собранието на акционери;

3. Разгледување и усвојување на Ревидираните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година со писменото мислење од Надзорниот одбор;

4. Донесување на Одлука за прераспределба на дел од акумулирана добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите;

5. Донесување на Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметка и исплата на aванс на дивиденда на приоритетни акции за првата половина на 2018 година;

6. Донесување на Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметка и исплата на аванс на дивиденда на обични акции за првата половина на 2018 година и

7. Донесување на Одлука за укинување на првенствено право на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје и конверзија на приоритетните во обични акции, по пат на одвоено гласање.

 

Останатите одредби од Јавниот повик објавен на 09.11.2018 година остануваат непроменети. Со цел поголема прегледност, подолу ги ре-објавуваме релевантните одредби од веќе објавениот Јавен повик.

 

Се повикуваат акционерите на СБ да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за правни лица) или лично потпишана пријава (за физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на горенаведената адреса, со назнака: За Кабинет на Претседател на Управен одбор, или по електронски пат на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма.

 

Акционерите можат да овластат полномошник, на начин и под услови утврдени со закон на седницата на Собранието со давање на писмено полномошно, за што се должни веднаш да ја известат СБ со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на горенаведената е-пошта, со доставување на полномошното во скенирана форма.

 

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувување на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото.

Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на друштвото ќе бидат објавени на интернет страната на Банката www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.

 

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот зсатапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

1. За акционер физичко лице, се приложува

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и

- Копија од лична карта или пасош.

 

2. За акционер правно лице, се приложува

- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,

- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и

- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

 

Гласањето по точките од дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

 

Материјалите по предлог – дневниот ред и останати информации, согласно важечката законска регулатива, ќе бидат во целост достапни на увид на акционерите во Централата на СБ (3 кат, канцеларија бр. 306), секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот, а ќе бидат објавени и на интернет страната на Банката www.stb.com.mk од денот на објавувањето на овој Јавен повик.