КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Дирекција за работи со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на СТОПАНСКА БАНКА А.Д. - Скопје

 

УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

 

а) купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;  

б) купување и продавање на хартии од вредност во свое име и за своја сметка; 
в) управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент; 
г) вршење на трансакциите и активностите за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност; 
д) вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
ѓ) дејствување како покровител при котација; 
е) инвестиционо советување; 
ж) извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва; 
з) чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично) и
ѕ) прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.

 

ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ?

 

  • Релативно ниски каматни стапки на банкарски депозити,
  • Основниот финансиски принцип на диверсификација на ризикот со инвестирање на вашите средства во поголем избор од инвестиции, кои заедно со банкарските депозити со ниски приноси, при што остварените приноси се потенцијално значително повисоки,
  • Професионален пристап кон клиентите,
  • Навремени и квалитетни информации и финансиско советување,
  • Конкурентни брокерски провизии и бесплатна изработка на првична документација при воспоставување на деловен однос итн.

 

ЗОШТО ДА ИМ СЕ ВЕРУВА НА НАШИТЕ БРОКЕРИ?

 

1. Искуство

2. Едноставност при работата со Дирекцијата за работи со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на СТОПАНСКА БАНКА А.Д. - Скопје 
Штом договорот за соработка е потпишан, клиентите можат да им дадат налози за продавање и за купување на своите брокери.

3. Личен брокер 
Вашиот личен брокер редовно ќе ве информира за движењата на пазарот и ќе ве советува за изборот на инвестициите, како и за извршувањето на сите трансакции.

4. Широк пристап 
Индивидуалните клиенти можат да доставуваат налози за тргување во филијалите на банката на целата територија на РМ.

5. Ажурирани информации 
За време на работното време од 8 до 16 часот, телефонски можат да се добијат информации за тековните цени на хартии од вредност и статусот на вашето портфолио. 

 

РЕДОВНО ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА СИТЕ ТРАНСАКЦИИ

 
Клиентите можат да добијат промптна потврда за трансакциите преку телефон. Ние издаваме писмени извештаи за клиентите за реализираните трансакции. Клиентите можат да побараат информации за тековното салдо на нивните сметки на хартии од вредност во секое време. 

 

ЗОШТО ДА СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР?

 
Со потпишување на договорот за соработка, клиентите ги регулираат сите формалности потребни пред почетокот на тргувањето со хартии од вредност. Истовремено, договорот не ги обврзува клиентите да тргуваат. Од потпишувањето на договорот, клиентите можат да доставуваат налози за тргување, едноставно, кај својот брокер.


КОИ ДОКУМЕНТИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ?


Доколку се работи за физичко лице: важечка лична исправа и денарска сметка (штедна сметка или штедна / тековна трансакциска сметка во една од банките во РМ во случај на продажба). 
Доколку се работи за правно лице:
Копија од личната исправа на одговорното лице на друштвото, Тековна состојба и денарска сметка на друштвото во една од банките во РМ. Исто така, правното лице треба да достави одлука од Органот на управување на друштвото за купување/продажба на хартии од вредност.

 


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ?


Контактирајте не на:

Оддел за тргување

Тел: (02) 3295-407; 3295-406; 3295-405
Факс: (02) 3295-551 

e-mail: broker@stb.com.mk 

 

Оддел за чување на хартии од вредност

Тел: (02) 3295-356; Факс: (02) 3295-551 

e-mail: custodySB@stb.com.mk 

Печати